27.2 C
Скопје
11:00 - 10 јули, 2026

Хрватски пејач почина во страотна сообраќајка кај Сплит (ФОТО)

Хрватскиот музичар и фронтмен на сплитскиот бенд „Смајли“, Игор Нешиќ, вчеравечер загинал во страотна сообраќајка.

Фото: Инстаграм

Со пејачот во автомобилот биле уште двајца сопатници, кога се судрил со друг автомобил во близина на Сплит изминатата ноќ, објави сплитската полиција, а пренесе хрватски Индекс.

Како што информираат оттаму, сообраќајката се случила 45 минути по полноќ во Дугопоље, кога пејачот возел автомобил сузуки во соодветната лента, а од спротивната доаѓал автомобил пасат, кој поради непознати причини излегол од својата лента и директно се судрил со сузукито. Нешиќ починал веднаш по судирот, на местото на несреќата.

Двајцата сопатници се тешко повредени, од кои еден од нив, како што пишуваат хрватските медиуми, е во критична состојба.

Фото: Инстаграм

Освен што имал успешна музичка кариера, Нешиќ бил и познат инструктор за јавање.

„Вчера не напушти наш драг и добар колега, пејачот Игор Нешиќ. Инструктор по јавање и вистински љубител на коњи. Драг наш, сега пеј и галопирај по бескрајните небесни патеки и почивај во мир. Сочувство до семејството. Драги колеги музичари и сите ние што возиме особено ноќе, пазете како возете, полека и внимателно“ објавија неговите колеги на Фејсбук.

The post Хрватски пејач почина во страотна сообраќајка кај Сплит (ФОТО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....