10.8 C
Скопје
22:42 - 19 април, 2024

ФОТО+ВИДЕО: Трамп и Бајден одново ќе ги одмерат силите

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, ќе ја имаат последната дебата ноќва, 12 дена пред претседателските избори на 3 ноември. Дебатата ќе се одржи на Универзитетот Белмонт во Нешвил, Тенеси, во 20 часот по локално време.

Дебатата ќе има шест тематски сегменти во кои секој кандидат ќе има две минути да одговори на прашањата што му ги постави модераторот и водител на NBC, Кристен Велкер. Темите ќе бидат: борба против ковид-19, американското семејство, раса во Америка, климатските промени, националната безбедност и лидерството.

Трамп и Меланија со хеликоптер ја напуштаат Белата куќа/ Фото: EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Во секој случај, ова е последна шанса на Трамп да ја поништи многу убедливата предност што ја има Бајден во скоро сите анкети.

Што се однесува до електронските гласови (засновани на победи во одделни држави), Бајден во моментов може да смета на 232 електронски гласови, 10 повеќе отколку пред првата дебата, а Трамп само на 125. Сепак, за преостанатите 181 електорски глас, неизвесно е кој ќе ги добие.

Нивната прва дебата се одржа кон крајот на септември и беше многу хаотична. Со цел да се избегне фонијата од првата дискусија, микрофоните ќе бидат исклучени на кандидатот кој нема да има збор во одреден момент.

Трамп често му упаѓаше во збор, а Бајден (77) го нарече 45. претседател на САД за „лажливец“, „расист“ и „кловн“, додека претседателот му одговори дека во него нема воопшто интелигенција.

Трамп и Меланија со хеликоптер ја напуштаат Белата куќа, се упатуваат кон Нешвил, Тенеси/ Фото: PA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Нема индикации дека овој пат тонот на дебатата, што се одржува во петок вечер по средноевропско време, може да биде пољубезен или конструктивен. Двајцата кандидати ќе бидат одделени со плексиглас поради заштита од ковид-19, што не беше случај на првата дебата.

The post ФОТО+ВИДЕО: Трамп и Бајден одново ќе ги одмерат силите appeared first on Слободен печат.


ФОТО+ВИДЕО: Трамп и Бајден одново ќе ги одмерат силите was first posted on октомври 22, 2020 at 11:50 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....