30 C
Скопје
18:06 - 10 јули, 2026

Фајзер и Модерна од вакцините за ковид-19 ќе инкасираат 32,2 милијарди долари

EPA EFE

Водечките фармацевтски компании се очекува да заработат 32,2 милијарди долари од продажба на вакцини за новиот коронавирус во следната година.

Мултинационалната компанија за финансиски услуги Морган Стенли објави извештај за очекуваните приходи на водечките фармацевтски компании од продажба на анти-ковид вакцини.

Според тој извештај, американската компанија Фајзер следната година треба да инкасира 19 милијарди долари. Тие средства ќе бидат споделени со неговиот германски партнер БиоНТек.

Фајзер треба да добие 975 милиони долари до крајот на оваа година, а во 2022 и 2023 година ќе продолжи продажбата на вакцини, и таа компанија треба да заработи дополнителни 9,3 милијарди долари за тие две години.

Компанијата Модерна, друг претставник на американската фармацевтска индустрија што разви и произведе своја вакцина против вирусот ќе да заработи 13,2 милијарди долари од продажбата на таа вакцина следната година. Во следните две години, Модерна треба да инкасира дополнителни десет до 15 милијарди долари од продажба на вакцини. 

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

(Фото) Познато е кој ќе ја наследи Ана Винтур во „Вог“: Таа е ќерка на холивудски ѕвезди

Еспресо

(Видео) Славниот рапер уапсен, се шетал по гаќи среде улица: Се конфронтирал со полицијата

apostolova
Се вчитува....