22.8 C
Скопје
16:09 - 27 април, 2024

Д-р Данаиловски: Не е време за отворање на училиштата, децата под 14 години два пати повеќе го пренесуваат вирусот

Д-р Драган Данаиловски денеска за Канал5 изјави дека училиштата во земјава не треба да се отворат наскоро.

– Се плашам што ќе биде со школската година кога ќе почне, со оглед на гласините кои се шират, дека училиштата ќе се отворат. Не знам како тоа ќе изгледа, децата да носат маски 4-5 часа, тоа е малку илузорно. Се плашам дека тоа нема да успее, вели д-р Данаиловски.

Тој дополни дека две студии се објавени деновиве – всушност се уште не се објавени туку се дадени како ракопис – и едната вели дека децата до пет години имаат 10 до 100 пати повеќе вируси во носните патишта.

– А една друга студија од северна Италија вели дека децата под 14 години два пати повеќе го пренесуваат вирусот. Ова доволно зборува дека, според сегашната епидемиолошка состојба кај нас, не е време за отворање на улиштата, вели тој.

The post Д-р Данаиловски: Не е време за отворање на училиштата, децата под 14 години два пати повеќе го пренесуваат вирусот appeared first on Слободен печат.


Д-р Данаиловски: Не е време за отворање на училиштата, децата под 14 години два пати повеќе го пренесуваат вирусот was first posted on август 2, 2020 at 9:46 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....