12.8 C
Скопје
00:43 - 29 април, 2024

Лукаревска: Кривична одговорност за работодавците кои земаа државна помош, а не исплатија плати

Директорката на УЈП Сања Лукаревска во гостувањето на Телевизија 24 изјави дека за работодавците кои земале државна помош, а не ги исплатиле платите на вработените, ќе има кривична одговорност.

„Дадовме се од себе како институција да ги спроведеме мерките максимално транспарентно и одговорно, но за жал нашиот труд падна во вода кога видовме дека има вакви случаи. Законот за даночна постапка како процес на еден вид присилна наплата овозможува најпрво да се поднесе опомена, но тоа не значи дека ние ќе застанеме тука. Дел од овие пари доаѓаат и од Светска банка и тие ја следат будно оваа ситуација. Владата ќе преземе соодветни чекори и оваа листа ќе ја испрати во Обвинителството и ќе има кривична одговорност. А покрај тоа што ние ќе направиме присилна наплата, во самата уредба стои дека тие пари ќе треба да ги вратат сите тие средства коишто ги зеле“, вели Лукаревска.

Таа вели дека казни ќе следат и за компаниите кои по објавувањето на листата се нашле на неа и тогаш ги исплатиле платите на вработените.

„Од кога објавивме можеби некои од компаниите се пронајдоја во тие бројки и веднаш ги исплатија парите на работниците. Но, казни ќе има за сите и размислуваме да направиме и посебни контроли по други основи, не само по овој основ“, вели Лукаревска.

Владата пред неколку дена објави листа од 708 компании, кои земале државна помош, но не ги исплатиле платите на вработените.

The post Лукаревска: Кривична одговорност за работодавците кои земаа државна помош, а не исплатија плати appeared first on Слободен печат.


Лукаревска: Кривична одговорност за работодавците кои земаа државна помош, а не исплатија плати was first posted on август 2, 2020 at 10:01 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....