Во рамки на големата светска турнеја „Shine a light“, наречена според неговиот истоимен нов албум, Брајан Адамс доаѓа во Скопје.
Концертот е закажан за 13 ноември во Вип арената „Борис Трајковски“.
Деталите околу цените на влезниците ќе бидат познати вечер во 21 часот, а ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10 јуни во 9 часот наутро.
„Неверојатно задоволство ни е да ви го најавиме нашиот финален светски проект за оваа историска концертна година во Македонија, која во моментов е вистинска европска концертна велесила. После Лени Кравиц, Стинг и Ерос Рамацоти, во Скопје доаѓа еден од најголемите меинстрим артисти на светот на сите времиња, човекот со безброј хитови и истовремено големи песни – Брајан Адамс“, велат од Авалон продукција.