17.8 C
Скопје
14:53 - 3 мај, 2024

Битка за власт во албанскиот политички блок: За ДУИ, маршот на Алијанса и Алтернатива е плафон на срамот на една тинејџерска политика

Како се ситни времето за конституирање на Собранието и за формирање на нова влада, така се разгорува битката во албанскиот политички блок за тоа кој ќе биде легитимниот претставник на Албанците во зградата на „Илинденска“. Во ДУИ велат дека со 15 пратенички мандати тие се победници, а со тоа и единствен легитимен претставник да ги застапува интересите на Албанците. Од друга страна, пак, Коалицијата Алијанса и Алтернатива стојат на ставот дека тие се морални победници, бидејќи интегративците „со помош на улични банди ги наполниле кутиите и со тоа ја згазиле волјата на Албанците за слободно изјаснување“. По вчерашниот Марш за демократија на Алијанса и Алтернатива, на фејсбук профилите на високите партиски функционери на ДУИ, Бујар Османи и Крешник Бектеши, осамнаа идентични ставови. И двајцата напишаа дека на претставниците на Алијансата и Алтернатива треба да им биде срам што го етикетираат сопствениот народ дека може да се купи и продава за пари.

„Ако немаш срам прави што сакаш. Но, да го етикетираш својот народ пред светот само за да побегнеш од одговорноста за неуспехот, е плафонот на срамот на ова тинејџерска политика. Во услови кога ниту еден нивен претставник или пак, на невладини организации или ОБСЕ/ОДИХР не констатирале ниту една забелешка во овој изборен процес, срамно е да протестираш против народот кој не те гласал“, напиша Османи.

Во статусот на Крешник Бектеши кој е во карантин поради коронавирусот стои:

„Во карантин, слушам невиден срам до денеска. Срам да ви е ама срам, срам, срам. Албанците ниту се купуваат ниту се продаваат, пусти да сте, туку достоинствено и гордо на секого му кажуваат местото кај му е“.

Долгогодишниот учесник во политичкиот живот во Македонија Мухамед Халили во изјава за Слободен печат вели дека во моментов кај албанските партии не гледа ништо друго освен борба за политички интереси. Смета дека е нормално оние партии кои не можат да ги остварат своите проекции, платформи или желби, виновникот да го бараат во другиот табор.

– И ДУИ и Алијансата и Алтернатива се во трка за составување на нова влада. Дали двете партии ќе влезат во идната влада или пак само едната од нив зависи од математиките. А математиките согласно со препораките на ЕУ бараат стабилна влада и силен парламент. Значи и двете партии би можело да бидат во иста влада, но не ја исклучувам и можноста дека во владата може да влезе и само една партија или пак Коалиција. Протестите се нормалната појава насекаде во светот и ова не е првпат да се протестира поради незадоволство од процесот на гласањето, вели Халили.

Сепак тој посочува дека ЕУ не е ниту институција, ниту орган кој може да оцени кој е легитимен претставник на граѓаните. Унијата има јасен став за тоа, кој неодамна го изрази во заедничката изјава на претставниците за надворешна политика на ЕУ Жозел Борел и комесарот за проширување Оливер Вархеј.

– ОБСЕ/ОДИХЕ во извештајот малку ги фали изборите дека биле во демократска атмосфера и како граѓаните се одзвале во време на пандемијата од коронавирусот на гласање. Но, има една реченица, дека за време на изборниот процес е ослабната правната рамка особено со некои одлуки на техничката влада. Тие во него даваат насоки, во Изборниот законик веднаш да бидат отстрани слабостите, вели Халили.

Според политикологот Петар Арсовски ДУИ отсекогаш ја држи тезата дека победникот во албанскиот блок треба да биде дел од владата бидејќи е единствен легитимен претставник на Албанците.

– Нивната стратегија е да не се мешаат гласовите на Албаниците и на Македонците и секој да си гласа за себе, а потоа да се спојат во Влада. Таквата поставеност значи дека Албанците немаат право на второ мислење. Суштинското прашање е дали ДУИ истото го поддржува и во македонскиот политички блок. Дали по таа логика СДСМ зборува за сите Македонци. Секоја етничка заедница има право на опозиција и различно мислење. Затоа тие инсистираат на нови платформи, за Албанец премиер. Тоа во новата поставеност кај албанските партии овој пат тешко ќе помине, вели Арсовски.

Арсовски смета дека било какви наводи за манипулации со изборите мора да се истражат до крај. Институциите МВР или ОЈО треба да истражат до крај се што е поврзано со сомнеж за легитимитет. Потребен е и одговор за тоа кој ја хакирал страната на ДИК на денот на изборите. Според него, борбата за власт нема да се дефинира се додека конечно не биде формирана новата влада.

– Ако се формира влада со ДУИ тогаш партијата ќе остане хомогена. Ако се направи влада ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ тогаш ќе немаат бадентерово мнозинство. Така што комплицирана е математиката. А за тоа кој ќе биде легитимен претставник на Албанците, јас пак би вратил со прашање: Зошто да мора да има еден единствен легитимен претставник?, вели Арсовски.

The post Битка за власт во албанскиот политички блок: За ДУИ, маршот на Алијанса и Алтернатива е плафон на срамот на една тинејџерска политика appeared first on Слободен печат.


Битка за власт во албанскиот политички блок: За ДУИ, маршот на Алијанса и Алтернатива е плафон на срамот на една тинејџерска политика was first posted on јули 28, 2020 at 1:54 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....