28.6 C
Скопје
19:30 - 10 јули, 2026

„АстраЗенека”: Нашата вакцина е ефикасна во 90 отсто од случаите

Компанијата „АстраЗенека” денеска соопшти дека вакцината што ја развива против ковид-19 може да биде ефикасна во 90 проценти од случаите и дека нема никакви несакани ефекти, а британскиот премиер, Борис Џонсон ја оцени веста како „фантастична”.

Британските медиуми пренесуваат дека со оваа информација компанијата „АстраЗенека” стана уште една во низата фармацевтски гиганти кои објавија позитивни податоци во врска со вакцината што ја развиваат за борба против коронавирусот.

Претходно, тоа го објавија компаниите „Фајзер”, „Модерна” и руската „Гамалеја” која ја развива вакцината „Спутник V”.

На ова британскиот премиер Борис Џонсон утринава оцени дека веста за новата, ефикасна вакцина на „АстраЗенека”, развиена во соработка со Универзитетот во Оксфорд, е „фантастична”, но дека е неопходно да се спроведат и дополнителни безбедносни проверки.

– Претстојат дополнителни проверки за безбедноста на вакцините, но ова се фантастични резултати, рече британскиот премиер, цитиран од британските медиуми.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

(Фото) Познато е кој ќе ја наследи Ана Винтур во „Вог“: Таа е ќерка на холивудски ѕвезди

Еспресо

(Видео) Славниот рапер уапсен, се шетал по гаќи среде улица: Се конфронтирал со полицијата

apostolova
Се вчитува....