3.8 C
Скопје
19:58 - 15 ноември, 2024

Алпинисти за прв пат во историјата во зима го освоија „К2“ – вториот највисок врв во светот

Instagram

Десетмина алпинисти од Непал само што влегоа во историјата на планинарењето, откако денеска го искачија на 8.611 метри надморска височина и го освоија врвот „К2“ – вториот највисок врв на светот.

Врвот „К2“ се наоѓа во северниот дел на Пакистан, во непосредна близина на границата со Кина. До денес, важеше за последниот врв со висина од 8.000 метри кој ниту еден тим не успеа да го искачи во зима.

Instagram
Instagram

Ова е еден од најтешките и најопасни врвови за искачување во светот. За жал, при денешното искачување загинал шпанскиот алпинист Серхи Минготе.

Историја за човештвото, историја за Непал!“, напиша Нирмал Пурџа на својот инстаграм-профил.

Instagram
Instagram

Овој успех е резултат на исклучителна соработка на група непалски планинари, кои поделени во два тима се качувале кон врвот, и во последниот дел од качувањето се здружиле и заедно стигнале до врвот.

Instagram
Instagram

Ова е многу посебен момент. На десет метри под врвот, се собравме сите за да формираме група која заедно ќе стапне на врвот, додека ја пее непалската химна“, изјави Пурџа.

Многумина го сметаат искачувањето на врвот „К2“ за потешко и поризично дури и од Монт Еверест.

Instagram
Instagram

Оваа зима е предвидено уште едно искачување, од тим составен од планинари од целиот свет, кои се дел од три меѓународни експедиции.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

(Фото) „Или јас или дрогата!“: Девојката на Лијам Пејн пред смртта му поставила ултиматум

Еспресо

(Фото) Модел на „Плејбој“ била интимна со него: „Го прашав Дикаприо зошто ги остава девојките штом наполнат 25 години, неговиот одговор ме шокираше!“

Еспресо

Славната актерка која исчезна на 30 октомври е пронајдена, полицијата откри детали за нејзината состојба

Еспресо

(Фото) Какви нозе, какво тело! Моника Белучи се соблече на 60 години и ги остави сите без здив

Еспресо

Исчезна славната актерка на 30 октомври: Сопругот одбил да соработува со полицијата, семејството не може да најде два важни предмети на Маја

Еспресо

(Фото) Вреден 36.000 евра: Исчезна часовникот „Ролекс“ од раката на починатиот Лијам Пејн

Еспресо
Се вчитува....