02:37 - 8 ноември, 2026

(Видео) Славниот рапер уапсен, се шетал по гаќи среде улица: Се конфронтирал со полицијата

Американскиот рапер Лил Нас Екс е уапсен во Лос Анџелес откако полицијата го затекнала како шета по улица облечен само во долна облека, пишува Би-би-си.

Инцидентот се случил во четвртокот наутро, околу 5:30 часот по локално време, на булеварот „Вентура“. Според информациите од полицијата во Лос Анџелес, кога службениците пристигнале на местото, пејачот на хитот „Old Town Road“ тргнал кон нив, по што бил приведен под сомнение за напад. Веднаш потоа бил пренесен во болница заради третман, поради можна предозираност.

 

@tmz 🚨BREAKING: #LilNasX ♬ original sound – TMZ


Американскиот портал Ти-ем-зи објави непотврдена видео-снимка од настанот, на која се гледа како Лил Нас Екс игра на улица во долна облека и каубојски чизми, додека ги повикува минувачите да му се придружат на „забавата“.

И покрај инцидентот, раперот продолжува да работи на својата музика. Веќе најави дека годинава ќе го објави својот втор студиски албум „Dreamboy“, кој го промовира преку објави на Инстаграм.

Лил Нас Екс стана првиот јавно деклариран геј уметник кој добил награда од Асоцијацијата за кантри музика, благодарение на глобалниот хит „Old Town Road“ во 2019 година. Песната освои две награди Греми и постави рекорд на „Билборд хот 100“ како најдолго рангирана на првото место – цели 17 недели.

Кариерата на Лил Нас Екс често е проследена со скандали и жестоки реакции. Особено внимание предизвика видеоспотот за „Montero (Call Me By Your Name)“, кој конзервативните кругови во САД го оценија како „изопачен“. Уметникот возврати со лажно извинување на Твитер, каде рече дека сака солзите на неговите „хејтери“ да ја наполнат неговата „Греми-чаша“.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....