21:28 - 15 ноември, 2026

Итно хоспитализиран: Синот на Шер се предозирал, веќе со години е во пеколот на дрогата

Елајџа Блу Алман (48), најмладиот син на музичката икона Шер, е однесен во тешка состојба во болница во Калифорнија откако се предозирал со наркотици.

Драмата се случила во саботата наутро, а Елајџа бил итно примен во ургентниот центар во Џошуа Три, каде што во моментот е на интензивна нега. Неговата состојба останува неизвесна, но извор близок до семејството тврди дека имал „огромна среќа што преживеал“.

Додека нејзиниот син се бори за живот, Шер е целосно скршена, но таа не се откажува.

– Правам сè што можам за да му помогнам – рекла пејачката, која се обидува дење и ноќе да му пружи најдобра грижа и поддршка на својот син, со кого имаше комплициран однос со години поради неговата долгогодишна борба со зависноста.

Елајџа Блу е син на Шер и покојниот рокер Грег Алман, кој самиот се бореше со пороците со години и на крајот почина од рак на црниот дроб во 2012 година, што многу лекари го припишуваат на злоупотреба на супстанции, пишува Ти-ем-зи.

– Неколкупати бев на работ на смртта. Чувствував дека нема враќање назад. Се обидував да бидам внимателен, но со дрогата тоа не постои – рекол тој во едно интервју во 2017 година.

Неговата зависност довела до сериозни семејни проблеми, а лани дури до дошло и до судска постапка кога Шер побарала старателство над својот син, тврдејќи дека тој е „неспособен да управува со сопствениот живот и пари“ поради сериозни проблеми со менталното здравје и дрогата.

По месеци судски процес, мајката и синот постигнаа договор, а Шер во тоа време рече дека преживувањето на нејзиното дете е најважно за неа.

Слични објави

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.

Данијела Мартиновиќ за љубовта со Јосип: „Само го гледам и си мислам: Боже, ти благодарам!“

Еспресо

Верица Ракочевиќ искрено за бракот со 35 години помладиот Вељко: „Ќе ја почитувам неговата одлука, а ако се предомисли, ќе останеме најдобри пријатели“

Е.А.

(Фото) Српскиот голман со сопругата ужива во одмор во сребрена капсула за 2.500 евра по лице – само за една ноќ: Еве за што станува збор

Еспресо
Се вчитува....