16.8 C
Скопје
09:07 - 8 мај, 2024

Ако одите по лична карта носете си гел, влажни марамчиња, маска

Полицијата е таа која ceкojдневно им пишува казни на граѓаните за неносење на заштитни маски. Но, дали само одредени граѓани се тие кои не ги практикуваат задолжителните мерките за лична хигиена и безбедност од Ковид-19?

Репортерската екипа на „Слободен печат“ ги посети двата одделни пункта за издавање на лични документи при МВР во Скопје („Беко“ и во зградата на МТВ). Прво што ќе забележите кога ќе сакате да влезете за да поднесете барање или да подигнете личен документ е немањето редар или пак полицаец кој ќе внимава дали граѓаните имаат заштитна маска на себе. Нема човек како во поголемите маркети и продавници кој ќе го регулира протокот на граѓани за да не се создава непотребна гужва. Во двата објекта секој може да влезе и да излезе како сака, а никој нема да ви замери ако не носите маска на лицето. И онака поголем дел од персоналот кој работи на овие две локации не користи заштитни маски, заштитни визири и ракавици.

При нашата посета на овие објекти каде пред се МВР треба да посвети големо внимание за хигиената, заштитата и безбедноста не само на своите вработени, туку и на граѓаните, имавме прилика да видиме дека голем дел од граѓаните бурно реагираа што не се внимава ниту на основната мерка од задолжителните, а тоа e меѓусебната оддалеченост од два метра.

– На влезот нема никаде задолжителни дезинфекциски сретства, а уште помалку има лице кое ќе ви ги дезинфицира рацете и ќе пази дали носите заштитна маска. Нема ниту вработен кој со рачен електричен топломер ќе ви ја измери телесната температура. Во делот каде стојат обрасците за документи има само едно пенкало врзано со врвка кое го користат сите. Повеќето од вработените носат маски ставени под брадите колку заради имиџ, а некои пак не ги користат. Ова не го очекував од институција каде треба премногу да се запазуваат протоколите за лична заштита од коронавирусот. Срамно е – вели Евгенија Марковска од Скопје која во „Беко“ беше да подигне лична карта.

Многумина кои по завршените услуги излегуваа од овој објект, прво што правеа, од торбите ги вадеа личните дезинфекциски срества и ги дезинфицираа рацете, лицето и личните документи бидејќи како што рекоа, внатре многу лесно можело да се пренесе Ковид-19.

Со многу пообемна работа, но со исти, непреземени мерки за безбедност и заштита се соочува секој кој ќе го посети пунктот на МВР во зградата на МТВ. Се што недостасува во „Беко“ недостасува и овде. И тука на совеснте граѓани бурни се реакциите.

– Единствена заштита која ја имаат вработените и ние граѓаните се пластичните проѕирни прегради помеѓу лицето кое ве фотографира и вас како клиент. Не се дезинфицира ниту апаратот на кој секој граѓанин е должен да стави прст за земање на отисок. Нема никакво дезинфекциско сретство после земањето отисок да го дезинфицирате прстот. Кој се тој апарат не го допирал. Може некој заболен од Ковид-19 или асимптоматски заболен. Многу е грозно внатре – изјави Николина Ангеловска.

Од Министерството за внатрешни работи засега се без одговор дали во двата објекти се случило да задоцни доставата на заштитни срeдства и дезинфекциски препарати или пак веќе одредено време не се врши достава на истите.

The post Ако одите по лична карта носете си гел, влажни марамчиња, маска appeared first on Слободен печат.


Ако одите по лична карта носете си гел, влажни марамчиња, маска was first posted on јули 14, 2020 at 3:36 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....