17:51 - 10 ноември, 2026

Во Танзанија почина најстарата женка црн носорог!

Беше загрозен вид, а веќе не постои.

Фауста (57) најстарата женка црн носорог, почина во Танзанија. Веста во саботата била објавена од страна на управата на резерватите за засолниште на носорози каде што живеела последните години.

Откако поголемиот дел од животот го поминала на слобода, починала од природна смрт на 27 декември во резерватот, изјавиле вработените.

Фауста живеела подолго од кој било носорог на светот, 54 години била потполно слободна, а во 2016 година била префрлена во засолништето Нгоронгоро.

Прв пат ја приметил еден научник од универзитетот „Дар ес салам“ во 1965 година кога имала помеѓу 3 и 4 години. Здравјтето ѝ било нарушено во 2016 година и после неколку напади од страна на хиени кои тешко ја повредиле, преместена била во засолништето.

Сана, женка бел носорог, била сметана за најстариот бел носорог кога починала во 2017 година во француската зоолошка.

Стручните лица од Нгоронгоро велат дека животниот век на носорогот е помеѓу 37 и 43 години во дивината и до 50 години во затвореништво.

Слични објави

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

(Фото) Ќеркичката на Филип Талески наполни четири години — роденденска прослава со „Мечињата со добро срце“

К.С.

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

(Фото) Цеце Николова вљубена и среќна на Кипар — ужива со саканиот Јане во Аја Напа

apostolova
Се вчитува....