03:02 - 7 ноември, 2026

(Видео) Погледнете го „валканиот танц“ на Јелена Карлеуша и Милица Павловиќ: Пејачките ги распаметија сите на роденденот!

Српската поп дива Јелена Карлеуша се појави на гала прославата на 33-от роденден на младата и успешна пејачка Милица Павловиќ.

Карлеуша за оваа прилика избра комбинација која го одзема здивот – долг, син фустан, кој го искомбинира со чанта од познат луксузен бренд во истата нијанса.

Кога ќе се спојат две лавици, шоуто е загарантирано, а тоа беше случај синоќа во луксузен хотел во Белград, каде Павловиќ направи прослава за најблиските пријатели и соработници.

Во доцните часови, откако пристигна дома, Карлеуша сподели видео од прославата и со своите следбеници сподели како се забавувала речиси до утрото.

Карлеуша во еден момент дури се фатила за микрофонот и го испеала мега хитот на славеничката Милица Павловиќ „Проверено“, а потоа имале „жежок“ танц на песната „Машала“.

– Роденденот на Милица стана традиција каде танцувам и јадам толку многу што не ни помислувам на славањето на мојот роденден кој е за некој ден. Но, добро, ќе ви подарам нешто за мојот роденден, а јас како веќе да сум прославила – напишала Јелена Карлеуша, а малку од „лудата атмосфера“ можете да погледнете во видеото подолу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....