17.8 C
Скопје
23:09 - 20 септември, 2026

Милан Станковиќ оди по манастири, а живее раскошно: Бизнисот му цвета во странство

Посетува манастири, а своевремено присуствувал на црковно предавање во Невесиње.

Откако ја стави својата музичка кариера на „стендбај“, многумина се прашуваа што работи и од што живее популарниот пејач.

Според српските медиуми, Милан Станковиќ развил бизнис со камиони во Чикаго, што моментално му е главен извор на приход.

„Милан уште во март минатата година отвори компанија за транспорт во Америка. Имаше само еден камион кога започна со работа во Чикаго, а сега веќе има десетина камиони. Фирмата одлично му напредува, а и вработените се многу задоволни“ – зборува извор близок на пејачот за српска Република.

Инаку, музичарот моментално се наоѓа во Црна Гора, а неколку дена се одмора во местото Љута, во Которскиот залив.

Како што наведуваат црногорските медиуми, изнајмил луксузна вила со базен, а соседите објаснуваат дека живее на висока нога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MILAN STANKOVIC (@milanstankovic)

– Го гледаме, но многу ретко. Слабо излегува од вилата. Ова е една од најскапите вили во оваа област. Ноќевање овде не е под 250 евра. Тој беше таму неколку дена. Ми рекоа дека не излегува. Многу се смени. Некогаш беше всел „плави чуперак“, а денес е буцко и не е толку весел. Ми се виде навистина многу сериозен кога го видов тие неколку минути додека внесуваше работи – рекла една постара госпоѓа која продава на улицата, додека случаен минувач додал:

„Тука се се богаташи. Милан сигурно за неколку дена потришил 1500 евра ако не и повеќе. Но добро, млад е нека ужива“.

Како што рекоа од еден ресторан за црногорските медиуми, Милан таму доаѓал да руча и јаде главно морска храна.

– Се однесуваше како секој нормален човек на светот. Тој е прекрасно момче. Остава бакшиш на крајот – изјавиле очевидци, пишува српски Блиц.

 

Слични објави

Ќерката на Саша Поповиќ се мажи – младоженецот не е од Србија

Еспресо

Неделен хороскоп од 21 до 27 септември: Близнаците ќе ги изненади една порака, Лавовите ги очекува нова можност

Т.Ц.

Маја Шупут повторно љуби? Еве со кого отпатува во Лондон

Еспресо

Ѓина Џиновиќ директно од Белград им се обрати на Мелина и нејзиниот сопруг: „Се молат мајка ми и очувот…“

Еспресо

(Фото) Проѕирно боди, крв и маска – Хана Хуљиќ покажа досега невидено издание, реагираше и Грашо

Еспресо

Синот на Ѓурѓица Барловиќ од „Нови фосили“ по три децении ја раскажа трагедијата на Паг

Т.Ц.
Се вчитува....