Трката за најдлабокото деколте, искрено веруваме, дека по овој настап веќе е завршена.
Славните дами често избираат деколте до папокот за да го украдат целото внимание на црвениот тепих, но манекенката Нелам Гил поимот деколте го подигна на сосмеа ново ниво.
На забавата на бредндот „Fenty“ дојде во светликав комбинезон на кој доминираше деколтето до меѓуножјето.
Нелам пред пристигнувањето на црвениот тепих можела да биде сигурна дека сите погледи ќе бидат вперени во неа, а со цел тој момент да не го пропуштат нејзините обожаватели позираше и за фотка на Инстаграм.
Убавата манекенка се гордее со својата линија па често објавува доста провокативни фотки.