27.8 C
Скопје
00:23 - 22 август, 2026

Телохранителот на Тупак се врати од мртвите и даде докази дека раперот е жив! (ВИДЕО)

Мајкл Најс, некогашниот телохранител на прочуениот рапер Тупак Шакур, наводно се вратил од мртвите, желен не само да објасни како ја лажирал својата смрт, туку и со јака сугестија истото помогнал и Тупак да го направи.

Во декември минатата година било објавено дека Мајкл Најс починал само неколку дена пред да се објават доказите кои покажуваат дека Тупак е се уште жив.

Мајкл, кој е инаку некогашниот телохранител на Тупак, тврдел дека славниот рапер бил прошверцуван на Куба со помош на поранешниот претседател Фидел Кастро, пренесува Miror.

Profimedia

Во видео-снимката објавена на YouTube Nice се наведува дека тој го направил тоа што морал за да ги избегне своите непријатели.

„Ја сум Мајкл Најс, ја лажирав својата смрт на 18 декември 2018 година и денес сум овде, се вратив од мртвите да ви покажам зошто и како ја лажирав својата смрт. Ќе го исправам тоа.“, рекол тој.

Зборејќи од непозната локација, како што пишува Miror, Мајкл порачал дека верува каков шок е сето ова за оние кои го познаваат, но дека „се вратил за да објасни се“.

„Признавам дека ја лажирав својата смрт и се срамам поради тоа, но тоа мораше да го направам и сега сум овде да ги објаснам причините зошто“, истакнал.

Мајкл додал дека фактот што тој ја лажирал својата смрт, докажува дека и Тупак помогнал во лажирање на својата, бидејќи го има „искуството“ потребно за да се направи тоа, исто така додал дека примал закани и дека до сега ионака би бил мртов да не го направел тоа што требало.

Тој објаснил дека минатата година повикал итна помош и дека кога дошле „со помош на магичен трик го прекинал пулсот“, така што кога лекарите го прегледале мислеле дека е мртов. Неговото тело го однеле во мртовечница од која подоцна успеал да побегне.

„Бев во илегала година дена и се вратив сега да ја раскажам својата приказна, исправам работите и продолжам со мисијата. За сето ова можам да ви гарантирам само една работа, не е важно дали верувате или не – одмаздата доаѓа“.

Слични објави

Српската пејачка поседува имот вреден 800.000 евра – има луксузна вила и приватен бизнис од кој добро заработува

Еспресо

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

Легендата за „Трескавец“ – манастирот што „сам“ го избрал своето место

Т.Ц.

Теодора Џехверовиќ по грешка објави приватна фотографија од бањата

E.A.

(Фото) Сопругот ја истетовирал Каја Остојиќ на раката: Пејачката покажа како изгледа

Еспресо

(Фото) Никој не ја препозна Цеца на аеродромот – пејачката со капа и очила остана целосно незабележана

Еспресо
Се вчитува....