13:04 - 28 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Ни доаѓа сонце и топол бран, искористете го, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 6 степени- вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и студено. Максималната температура ќе се искачи до околу 2 степени.

Според Попоски, до петок времето ќе се задржи сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени и тоа особено утре кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -12 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 6 степени.

За време на викендот поради јужното воздушно струење ќе има пораст на температурите, а ќе има и повеќе облачност, додека од недела ќе има појава и на повремен локален дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени.

Слични објави

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova
Се вчитува....