7.8 C
Скопје
19:52 - 30 март, 2026

Сакате успешни деца? Престанете да ги решавате нивните проблеми

Со години целиот концепт на родителството се темелеше на „идејата за овозможување“ и константното трчкање околу децата за да сме сигурни дека имаат се што им е потребно, па дури и повеќе од тоа.

Нормално, како што знаеме, тоа во младите години им помага да станат независни учејќи од постапките на родителот, но како децата растат, родителите и понатака се во искушение секогаш да им бидат при рака и на било кој начин да им го олеснат секојдневниот живот.

Новите истражувања сугерираат дека за што поздраво растење пожелно е родителите само од далечина да го гледаат созревањето и растењето на своите деца и да им помагаат кога тоа е потребно.

Наместо тоа, и понатака постои таканаречениот „родител косилка“, родител кој се обидува да ги реши сите идни проблеми на своите деца, да им го изгради патот што полесно да пронајдат работа, едноставно го „коси“ патот пред нив. Тие работат се за патот на растење на нивните деца да биде што полесен, понежен и без големи препреки.

Но, таквиот начин на родителство е лоша идеја.

Важно е децата да ги научите каков е вистинскиот свет и како тој всушност функционира и дека нема секогаш да биде едноставно и онака како што замислиле. Кога еднаш ќе бидат вработени, мораат да бидат свесни дека шефовите нема секогаш да имаат разбирање и дека ќе мораат да се потрудат многу повеќе за нешто да постигнат. Потребно е да научат да се носат со неуспехот и да знаат да ги решаваат проблемите сами, бидејќи и вие нема вечно да бидете покрај нив.

Кога, имено, на своите деца им ги отстранувате сите препреки од реалниот свет, не им правите услуга бидејќи така нема да научат да се носат со проблемите во реалниот живот, не учат како да истрајат во неуспехот, ниту како да ги преминат предизвиците со кои можат да се сретнат на работното место.

Слични објави

(Видео) Едноставна техника за фарбање јајца која дава волшебен резултат

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) „Љубов моја, воину на светлината“: Јована Јеремиќ јавно му се обрати на Тигар, сè „пука“ од емоции

Еспресо

Хороскоп за 20 март: Девици, изнанедете ја саканата личност со романтична вечера

Еспресо

(Фото+видео) Како во Холивуд: Маја Шупут приреди спектакл за петтиот роденден на својот син

Еспресо

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova
Се вчитува....