13.8 C
Скопје
02:52 - 30 септември, 2026

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Во медиумите избувна препирка што никој не ја очекуваше — конфликт меѓу Саша Ковачевиќ и Емина Јаховиќ. Сè започна по концертот на пејачката во Белград, кога новинарите ја прашаа зошто Саша не се појавил и не го отпеале заедничкиот дует.

Емина изјави дека не можела да ги покани сите колеги од естрадата, но Саша ја демантираше, велејќи дека тоа не е вистина. Според него, таа навистина го поканила, но тој не можел да присуствува — и токму таа невистина го натерала да реагира.

„Не, јас воопшто не сум се расправал, така само беше претставено во медиумите. Ако некој не сака да има контакт со мене и тоа јасно го каже, не гледам зошто тоа би било кавга. Секој си го избира својот пат. Јас си го избрав мојот и не барам од никого да влегува во конфликт поради мене. Секој со своја приказна“, изјави тој, па продолжи поконкретно.

„Само кога ќе ме натераат да проговорам… Нормално е човек да застане во своја одбрана. Тоа и го направив – реагирав на невистината што беше изнесена, дека не сум бил поканет, а јас кажав дека сум бил. Нема потреба да се прави приказна од тоа, но ако веќе кажуваш дека не сум бил поканет, подобро кажи дека имав приватни обврски и не можев да дојдам. Секогаш има начин да се каже нешто без да се провоцира јавноста. Но кога по којзнае кој пат ќе се појави лага, човек мора да застане зад себе и да ја каже вистината“, изјави тој за Блиц.

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....