12:36 - 9 ноември, 2026

На Душко Тошиќ му цвета новиот бизнис – Собра милиони преку ноќ

Поранешниот сопруг на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, ја заврши изградбата на луксузната станбена зграда во Земун, а сите станови веќе се продадени. Продажбата на становите на поранешниот фудбалер му донесе заработка од повеќе милиони долари.

Како што откри добро информиран извор, Тошиќ се повлекол од угостителството и речиси целосно се посветил на градежни проекти, во кои вложува пари заработени за време на богатата спортска кариера и милионските фудбалски договори.

– Душко инвестираше мудро дури и додека активно играше. Денес, тој има партнер со кого води градежен бизнис, а зградата во Земун е нивниот најуспешен проект досега. Локацијата е исклучително мирна и барана, а зградата е изградена според најновите стандарди – затоа становите се продадоа многу побрзо од очекуваното – открива изворот.

Зградата се карактеризира со модерна архитектура, материјали од врвен квалитет и луксузни завршни обработки, па затоа голем број купувачи ги обезбедија своите станови за време на изградбата.

– Тошиќ планира да продолжи во истата насока. Овој проект му покажа дека градењето е вистинскиот потег и дека може да биде исклучително профитабилно кога се прави сериозно, темелно и квалитетно – заклучува соговорникот.

Слични објави

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.
Се вчитува....