15:28 - 8 ноември, 2026

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

Емотивна објава му посвети Сања Николиќ на својот сопруг Слаткаристика на Инстаграм. Сања, која поретко е активна на социјалните мрежи, овојпат имаше добар повод за тоа.

Таа ја објави новата песна на Слаткар, „Ѓ-ѓа Сара“ која е всушност продолжение на приказната од неговиот стар хит „Сара“, и напиша: „Само он може вака да раскаже. Литературно четиво!“ Слаткаристика инаку пред два дена го објави новиот албум со пет песни, на кој му гостуваат Калиопи, Пајак и раперот од Америка Оби Трајс.

Фото /Инстаграм

Сања Николиќ и Слаткар се во брак од 2014 година и го имаат пет и пол годишниот син Моша. Счаткар ја побара Сања за жена во песната „Кажи да“ која е и денес еден од неговите најголеми хитови. Потоа, во Венеција заедно го снимаа спотот за песната „Луда романтика“.

Сања е Мис на Македонија за 2000 година, а нивното запознавање се случи на една „Златна Бубамара на популарноста“ кога Сања го подрави од сцената во Универзалната сала. Во јуни, таа ја објави нејзината фотографија од тогашната насловна страница на ревијата „Екран“ која го организираше Мис на Македонија.

-25 години. На денешен ден се случи да добијам кладба у маало дека и штикла ќе облечам. А, да, добив и титула. World peace-  напиша Сања Николиќ.

Фото / Инстаграм

 

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....