8.8 C
Скопје
23:26 - 25 април, 2024

ПРАЗНИЧНА МАГИЈА НА ТРПЕЗАТА: Неодоливи идеи и рецепти од Сузана Аврамоска

Помисливте ли дека овие волшебни празнични креации ги создала некоја самовила, пафкајќи со своето волшебно стапче и наросувајќи „син прав“? И ние го помисливме истото.

Сузана Аврамоска

Сузана Аврамоска е вработена во Армијата на РС Македонија, а готвењето ѝ преставува задоволство и анти-стрес терапија во брзото и напнато темпо на живеење. Готви од мала, но последните седум години повеќе е насочена кон специфични декорации на храна, посебно кон десертите.

Од Сузана дознаваме како да донесеме празнична магија на трпезата со употреба на лесно достапни намирници, а убаво искомбинирани. Дополнително, таа ни носи и рецепт за празничен колач.

Декоративни закуски

Овие закуски сами по себе се празник за очите. Откако ќе се инспирирате, а потоа ќе ги искомбинирате намирниците и ќе ги искреирате по ваш вкус малите празнични гастрономски дела, може да уживате во нив во друштво на семејството, пријателите, дечињата.

Елка од палачинки

Направете дванаесет палачинки, се разбира може и повеќе според замислената големина на елката што ќе ја создадете од нив. На даска наредете ги палачинките формирајќи елка. Врвот на најгорната палачинка од елката украсете го со колаченце во форма на ѕвездичка. Украсете ја и самата елка, наросувајќи врз наредените палачинки суво грозје и друго зрнесто овошје по желба, убаво е доколку е во црвена празнична нијанса. Направете стебленце на елката со помош на две – три бисквити во кафена нијанса. При послужувањето на палачинката, поиграјте си со декорација со шлаг.

фото-приватна архива
фото-приватна архива

Елка од киви

Додадете боја на вашата весела празнична трпеза. Секако, зелена боја, во духот на празничната магија, а тоа може да го направите многу едноставно – формирајќи елка од парчиња киви наредени на даска. Стеблото на елката направете го од две-три бисквити во кафена нијанса, врвот на елката украсете го со колаченце во форма на ѕвезда, а врз парчињата киви наросете црвено зрнесто овошје.

фото-приватна архива
фото-приватна архива

Бастунот на Дедо Мраз

Дедо Мраз си го изгубил бастунот? Еве го, на вашата трпеза. Сега откако му го најдовте бастунот, сигурно ќе ви ја исполни желбата која претходно му ја напишавте и испративте со писмо.

Исечкајте на кругови домати и моцарела, потоа наредете ги на даска на начин да формирате бастун, по редослед – моцарела, домат, моцарела, домат…завршете со домат. Неколку крекери на даската се добредојдени за дополнителна декорација, врз нив ставете парченце сирење или пармезан.

фото-приватна архива

Солена елка

За мезе направете солена елка по истиот принцип – наредете намирници по желба врз даска формирајќи елка. Употребете пршута, салама, пармезан, моцарела, зелено грозје, гранчиња рузмарин или друга билка, а врвот на елката украсете го со ѕвездичка од кашкавал. За стеблото на елката може да ви послужат два-три крекери во кафена нијанса.

фото-приватна архива

 

Празничен колач

Овој превкусен десерт е познат како Дубровнички колач.

Се подготвува едноставно. Се матат 9 јајца со 220 гр шеќер и еден ванилил шеќер. Откако убаво ќе се изматат, се додава 100 мл сок од цеден портокал и кора од еден портокал, 350 гр печени и мелени бадеми и 80 гр презла. Убаво се меша со шпатула. Смесата се префрла во калап за куглоф или округло тавче за печење и се пече во рерна на 170 степени околу 40 минути. На крајот колачот се прелива со растопено чоколадо.

фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива

 

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....