03:28 - 29 ноември, 2026

Новак Ѓоковиќ за 10 милиони евра купи вила со неверојатен поглед во Шпанија

Еден од најдобрите тенисери на денешницата, реши да купи куќа во Марбела, Шпанија, и тоа истата онаа во која престојувал додека се подготвувал за турнири.

Вилата во Марбела многу им се допаднала на Новак и на неговата сопруга Јелена, така што решиле да ја купат само за себе.

Според информациите од шпанските медиуми, за овој дом тие издвоиле 10 милиони евра.

Вилата е сместена на луксузна локација и има неверојатен поглед на море и планини, кои го опкружуваат местото. Во неа има девет соби и осум бањи, како и две соби за гости. Секако тоа не е сè. Во вилата свое место има и големата вежбалница, собата за билјард и за пинг-понг, домашното кино, како и големиот тениски терен.

принтскрин/sportskeeda.com

Сепак, најспектакуларна е терасата, од која се пружа воодушевувачки поглед кон морето. Инаку, мал увид во вилата Ѓоковиќ даде неколкупати преку фотографии објавени на неговиот инстаграм-профил и може да се види во каков луксуз ќе живеат.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....