24.8 C
Скопје
21:36 - 10 септември, 2026

„Немаше финансии да ме поддржи, но ме туркаше напред“: Ивона Јо со нераскажана приказна за покојниот татко

Пејачката Ивона Јо раскажа досега непозната приказна за неизиниот покоен татко, кој ненадејно почина пред 11 месеци.
Таа откри дека подготвува две песни посветени на татко ѝ, во гостувањето во поткастот „Полиграф“ кај Стефанатор. Песните се веќе готови, но Ивона вели дека го чека вистинскиот момент за да може емотивно да се соочи со нив и да ги испее во студио.
„Песните се готови. Само чекаат момент да сум емотивно спремна за да можеме да застанеме да ги испееме во студио. Едвај чекам да ја покажам таа верзија од Ивона која е спремна да даде болка во верзија на нешто кое е охрабрување. Едвај чекам“, рече Ивона.
На прашањето дали нејзиниот татко бил нејзиниот најголем критичар, таа без двоумење одговори потврдно и раскажа дека ретко добивала директни пофалби од него, но дека токму неговите забелешки и поддршка многу ѝ значеле во кариерата.
„Да. Категорично да. Никогаш не признаваше дека сум добра, на мене гласно. Никогаш немам добиено од него гласно: ‘Е, ова е добро, е супер’. Секогаш знаеше на шега да ги каже работите. Имам едно видео каде што ме слуша на ‘Макфест’. Можеби тоа е една од подобрите мои изведби и тој на видеото се смее и вели: ‘Леле, колку викаш, ќе нè изедеш’. На тој начин ги покажуваше работите. Ама кога се работеше за критика, секогаш беше расположен, но сè со цел да се подобри“, раскажа пејачката.
Ивона вели дека татко ѝ бил еден од ретките луѓе кои силно ја охрабрувале да се занимава со музика во периодот кога одлучувала по кој пат да тргне.
„Тој беше меѓу единствените луѓе кога јас се одлучував пред 10-15 години да кажам ‘да’ на музиката, ‘не’ на сè она друго за кое бев способна тогаш, ама не ми беше интересно. Тој беше единствениот кој велеше: ‘Оди, оди, оди, оди’. Иако немаа финансии никогаш да ме поддржат за ништо, тоа што ми го даваше, тој ‘пуш’ со зборови, беше многу вреден. И ден-денес го слушам, и ден-денес паѓам и се кревам, иако не е тука веќе“, рече Ивона.
Таа откри дека и денес, кога треба да донесе важна одлука, во мислите го слуша советот на татко ѝ и се обидува да размислува како што би размислувал тој.
„Да, го слушам. Го слушам како ми одговара. Размислувам низ неговата глава, низ неговото искуство, затоа што сто проценти од случаите, што и да ми кажал, се испоставило дека е така. Можеби некогаш требало време да се оствари, ама секогаш се случувало, и со пријатели, и со врски, и со кариерни искуства, и за тоа на што да внимавам. А никогаш не го слушав, нормално. Своеглавата Ивона, прво мораше да истера по свое. И не ми велеше: ‘Ти кажав’. Само ќе ми се насмееше и ќе наздравеше во името на мојата грешка“, раскажа Ивона Јо во „Полиграф“.
Таткото на Ивона Јо почина во септември 2025 година. Пејачката тогаш со емотивна објава на социјалните мрежи се прости од него.
„Тато, не се договоривме вака… еј… Тато, дојди… Тато“, напиша тогаш Ивона.
Неколку месеци по неговата смрт, Ивона сега отворено зборува за нивниот однос и за влијанието што татко ѝ го имал врз нејзиниот живот и музичка кариера.

 

Слични објави

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Т.Ц.

Катарина Живковиќ откри дека посакува уште едно дете: „Подготвена сум за второ“

apostolova

Каролина Гочева го донесе холивудскиот гламур во Скопје: Блесна во бела креација покрај Хосе Карерас

Еспресо

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

Новинарот Сунаи Сабриоски: Прилеп нема центар, туку срце што отчукува

Еспресо

Јована Јеремиќ се огласи откако сопственик на дуќан ѝ „подари половина продавница“

E.A.
Се вчитува....