14:06 - 28 ноември, 2026

МЕНАЏЕРОТ НА БЕТИ ВАЈТ НЕГИРА ДЕКА ПОЧИНАЛА ОД БУСТЕР ДОЗА: Нејзината смрт не треба да се политизира, таа не живееше таков живот!

Омилената американска актерка Бети Вајт почина на новогодишната ноќ на 99-годишна возраст. Нејзиниот стоти роденден долго се чекаше и затоа што по тој повод беше најавен документарен филм за нејзиниот живот, па веста за нејзината смрт предизвика изненадување и покрај нејзините години.

Веднаш по смртта, некои почнаа да ја шират информацијата дека Вајт починал откако примила бустер доза на вакцина против ковид, што се покажа дека не е точно.

Нејзиниот долгогодишен менаџер Џеф Витјес жестоко ги негираше овие тврдења. „Бети почина мирно во сон во нејзиниот дом“, рече тој во изјава за списанието People.

Тој објасни дека едноставно не се точни информациите дека таа примила бустер доза од вакцината на 28 декември.

„Неколку луѓе тврдат дека нејзината смрт била поврзана со трета/бустер  доза, но тоа не е точно. Таа почина од природна смрт. Нејзината смрт не треба да се политизира – тоа не е животот што го живееше“, рече менаџерот.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.
Се вчитува....