13:42 - 13 ноември, 2026

СÈ УШТЕ НЕМАТЕ ПРОНАЈДЕНО ПАРТНЕР? Дозволете вашиот хороскопски знак да ви помогне во потрагата

Некои личности уживаат кога се во љубовна врска, а други пак уживаат кога се сами. Но, постојат и такви кои сакаат да се впуштат во љубовните води, но сѐ уште го немаат пронајдено партнерот кој им одговара.

Токму, хороскопскиот знак ви открива зошто сѐ уште сте сами. Откријте и потрудете се повеќе да го подобрите тој аспект на вашата личност. Шансите за да започнете врска, поради влијанието на ѕвездите, се зголемени во втората половина од месец март. Не седете со скрстени раце, впуштете се во потрага.

Овен

Исплашени сте да не ви стане здодевно. Здодевна љубов? Верувајте дека нема да ви стане здодевно.

Бик

Го занемарувате вашето срце. Започнете да го слушате дека е осамено.

Близнаци

Секогаш поставувате ѕидови околу вас. Пробајте да турнете барем еден.

Рак

Мислите дека не сте подготвени. Пробајте, па ќе видите дека грешите.

Лав

Вашиот интензитет може да биде застрашувачки. Со мало смирување се ќе биде во ред.

Девица

Секогаш се ставате себеси на последно место. Престанете да го правите тоа.

Вага

Се плашите од посветеност. А знаете ли колку е убаво кога ќе му се посветите на некого, а за возврат ќе го добиете истото.

Скорпија

Се опседнувате со мали нешта. Не гледајте на ситници, размислувајте малку поотворено.

Стрелец

Се двоумите за сите одлуки. Нема двоумење повеќе, тргнете во акција!

Јарец

Вие сте исклучително реални. Реалноста и љубовта не се најдобри пријателки. Спријателете се со љубовта.

Водолија

Се изолирате себеси. Тоа носи тага и песимизам. Влезете малку меѓу луѓето.

Риби

Можете да бидете преголеми идеалисти. А тоа не носи ништо добро. Пробајте малку да се промените.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....