13:42 - 13 ноември, 2026

МЕГАН МАРКЛ ДА СЕ УГЛЕДА НА ДЕВОЈЧЕТО КОЕ СЕ ДОТЕРАЛО КАКО КРАЛИЦАТА: Елизабета му напишала писмо и му испратила подарок за Божиќ!

Минатиот октомври, родителите на едногодишната Џејлајн Сатерленд од Охајо, ѝ испратија на кралицата Елизабета фотографија од нивната ќерка облечена и стилизирана како кралицата.

Одговорот на кралицата не се чекаше долго, а гестот направи кралското семејство да ја зголеми популарноста во САД.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HOLA! USA (@holausa)

Можеби Меган Маркл треба да се инспирирана од малото девојченце Џелејн Сатерленд. Како што пишуваат американските медиуми, девојчето од Охајо, кое по повод минатата Ноќ на вештерките, нејзините родители го облекле како кралица Елизабета и го фотографирале со нејзините велшки корги  (мали кучиња) кон кои кралицата има слабост, помогнало повторно во САД на голема врата да се врати угледот на кралското семејство.

За стајлингот на девојчето се погрижила нејзината мајка, Кејтилин, која ја избрала гардеробата -капа и сино палто, бела перика, ракавици, бисерен ѓердан, чанта и, неизбежно, двата корги пред нозете на малото девојче, кое позираше за фотографија која потоа ја објавија нејзините родители на социјалните мрежи. .

„Џејлајн сака да се облекува како кралица“, рече мајката на девојчето. „Не сака да ја симне капата и оди насекаде со чантата!“.

Семејството Сатерленд не застанаа тука и решија да ја испратат фотографијата во Бакингемската палата.

Фотографијата ја насмејала кралицата, толку многу ѝ се допаднала што ја поттикнала да испрати одговор.

Писмото, кое пристигнало во домот на Сатерленд, изненадувачки, непосредно пред Божиќ, а испратено од замокот Виндзор, каде што кралицата претстојува од почетокот на пандемијата, сега ги преплави американските медиуми.

„Нејзиното височество беше воодушевено што ја прими фотографијата на вашата ќерка Џејлајн облечена во прекрасна облека и ви посакува среќен Божиќ“, напишала во име на кралицата госпоѓа Морисон, помошничката на кралицата.

Елизабета, која често одговара на писма што и ги праќаат децата од целиот свет, сакала да го разубаве писмото и со подарок, па испратила заедно со писмото и мала книга со информации за кралските кучиња.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....