10.8 C
Скопје
17:50 - 30 март, 2026

КОРТНИ КАРДАШИЈАН Е ТРУДНА? Фановите ги протолкувале чудните знаци

Според нејзините фанови, Кортни Кардашијан на својот Инстаграм профил шири индиции за нејзината бременост. Уште пред неколку недели нејзините следбеници шпекулираа дека инфлуенсерката е бремена, судејќи според стори објавите на Инстаграм на нејзиниот партнер Тревис Баркер. Двајцата ниту потврдија ниту демантираа.

Според последните гласини, следбениците шпекулираат дека Кортни е бремена во 16 недела. Гласините почнаа да се шират благодарение на корисник на TikTok кој забележа дека Кортни постојано споделува чанта во форма на авокадо, неодамна добиена како подарок. Дотичниот корисник го протолкувал ова како трага: во 16-та недела од бременоста, фетусот би бил голем колку авокадо.

После популарната објава на овој корисни, Кортни повторно ја носеше чантата во форма на авокадо, а тоа фановите го сфатија како потврда на „теоријата“ на TikTok. Покрај тоа, за да го прослави роденденот на својата пријателка Мелиса Колкер, инфлуенсерката сподели фотографија од момент во кој се шегува со својата пријателка додека носела пумпа за гради. Гласините уште повеќе се разгореа кога Кортни објави фотографија облечена во трико од Скимс (марката на сестрата Ким), со рацете потпрени на нејзиниот стомак.

Навраќајќи се уште поназад, фановите почнаа да се сомневаат во бременоста на Кортни уште ова лето, кога Кардашијан на следбениците им ги покажа своите чудни навики во исхраната и (апсолутно невообичаените) кулинарски комбинации кои најмногу ги сака, а тие тоа го протолкуваа како да ѝ се променил вкусот и апетитот- што е вообичаено за бремените жени.

Накратко, на овој или оној начин сестрите Кардашијан секогаш успеваат да останат во центарот на вниманието и озборувањата.

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....