21:27 - 8 ноември, 2026

Канје Вест и Бјанка Цензор се разведуваат: Толку од скандалозната љубов

Еден од најскандалозните парови на американскиот шоубизнис – 47-годишниот Канје Вест и 29-годишната Бјанка Цензор се разведуваат. Ова беше објавено од американскиот портал ТМЗ (TMZ) повикувајќи се на голем број негови извори.

Упатените велат дека парот раскинал пред неколку недели. Бјанка се вратила кај родителите во Австралија, а раперот го продолжува патувањето во Јапонија. Наводно на својата сопруга ѝ кажал дека планира да живее во Токио и да се разведе од неа.

Гласините дека не е се добро со парот почнаа да кружат пред неколку недели. Последен пат заедно беа видени на 20 септември за време на шопинг, а оттогаш не се појавија во јавноста. Вест е горд „сингл“ маж во Јапонија, а неодамна беше забележан како јаде во локален ресторан во Јамајка. Бјанка не беше со него.

Вест и Цензори тајно се венчаа во декември 2022 година. Тие добија доверлива потврда за брак на 20 декември 2022 година во Пало Алто, Калифорнија.

За време на бракот, Бјанка се прослави по шокантните и многу скандалозни модни изгледи, поради што повеќепати и се закануваа казни во Јапонија и во Европа, а во Калифорнија за малку ќе завршеше во регистарот на сексуални престапници.

На нејзините родители не им се допадна начинот на кој се облекуваше девојката, а таткото на Бјанка, Лео Цензори, дури бараше Вест да дојде во Австралија на сериозен разговор маж со маж. Меѓутоа, подоцна Ангела Цензори, сестрата на Бјанка, ги негираше овие информации и изјави дека нивното семејство многу го почитува Канје.

Што е причината за разводот за кој се зборува во медиумите, не е познато.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....