5.8 C
Скопје
23:22 - 13 март, 2026

Како покрај работата да имате и квалитетен приватен живот

Знаеме, многу работите и потребен ви е одмор од време на време. Колкумина од вас биле на Фејсбук во текот на работното време? Следат неколку совети како да бидете во тек и со приватниот живот без да ви настрада кариерата.

Повеќе од 90 проценти од луѓето ги користат социјалните мрежи во работното време и прават нешто од приватни цели за време на работните часови. Бидејќи работното време на некои лица е многу флексибилно и тие остануваат и прекувремено, не не чуди што се користат со такви методи.

Не се логирајте веднаш штом ќе влезете на работа на социјалните мрежи. Извршете некоја потешка задача, а потоа, за паузата одвојте 15 минути за да ги прочитате новостите, да стапите во контакт со пријателите или партнерот или да го обавите она што морате. Вашата работа за време на работните часови мора да ви биде на прво место.

Вториот совет е одвоеното време за приватни потреби да биде заокружено. Одредете колку време ви е потребно за да ја завршите приватната обврска и повеќе не се навраќајте на неа.

Не им попречувајте на колегите додека ги обавувате приватните разговори, особено не доколку се карате преку телефонот. На никој не му е грижа што се случува во вашиот дом, па затоа разговорите обавете ги тивко со цел да не оставите материјал за озборување.

Почитувајте ги службените и непишаните правила на работа и нека не ве интересираат колегите кои ги кршат тие правила. Секогаш јавете му се на шефот и најавете му доколку морате да излезете и да обавите некоја приватна работа.

По работата, слободното време користете го исклучиво за семејството, заеднички ручек, прошетки, слушнете се со пријателите, прошетајте во природа, релаксирајте се, а сепак бидете покрај блиските. Социјалните мрежи заборавете ги, посветете си квалитетно време со семејството и блиските. Викендите користете ги за излети, посета на постарите, ручек кај родителите и сл.

Слични објави

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.

Стана мајка на 19 години, а вдовица на 45: Тажната животна приказна на Јелица Сретеновиќ

apostolova

Марија Шерифовиќ земала 2 работи од канцеларијата на Саша Поповиќ: Едната ја користел 30 години!

E.A.

(Фото) Од центарот на градот во својот зелен рај: Погледнете ја куќата на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ

Еспресо

„Сите ја коментираат сличноста“: Еве што ги поврзува Теа Таировиќ и настапот на Бед Бани на Супербоул

Е.А.

Рада Манојловиќ откри: „Ми беше многу тешко да се откажам од таблетите“

E.A.
Се вчитува....