20.8 C
Скопје
21:02 - 19 септември, 2026

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ секојдневно се слушаат — нивната ќерка наскоро се сели во Милано

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Јелена Карлеуша откри дека и по разводот е во редовен контакт со поранешниот сопруг Душко Тошиќ, а главна тема во нивните разговори се нивните ќерки Атина и Ника.

Во моментов нивното внимание е насочено кон постарата ќерка Атина, која наскоро ќе се пресели во Милано, каде што во октомври треба да ги започне студиите.

Карлеуша откри дека Атина веќе отпатувала во Италија со својот татко за да изберат стан во кој ќе живее за време на студирањето.

„Атина моментално е во Милано, отиде со татко ѝ да изберат стан и ќе се врати, а потоа, кога ќе тргне на факултет, мама ќе оди да биде со неа на почетокот, за сè да биде како што треба“, изјави Карлеуша.

„Горда сум, но ми е и тешко“

Пејачката не ги криеше емоциите додека зборуваше за новото поглавје во животот на својата ќерка и во еден момент беше на работ на солзи.

„Горда сум, но ми е и тешко. Немојте повеќе да ме прашувате, овојпат не би сакала да си ја расипам шминката. Не знам што ми е, изгледа со годините станав почувствителна“, рече таа за „Пинк“.

Карлеуша откри и дека Атина во Милано ќе студира моден менаџмент.

Во меѓувреме, Тошиќ објави фотографии од Милано, меѓу кои и кадри од познатата галерија „Виторио Емануеле Втори“.

Редовно разговараат за ќерките

Карлеуша претходно зборуваше и за сегашниот однос со поранешниот сопруг, посочувајќи дека двајцата денес се во добри односи и редовно комуницираат поради децата.

Неодамна, при гостување во „Ами Џи шоу“, таа беше прашана и за фотографиите што Тошиќ ги објавил по прославата на полнолетството на Атина и 17. роденден на Ника. На прашањето дали е точно дека тој ја отстранил од фотографиите, Карлеуша изненадено одговори:

„Не го направил тоа, нели? Навистина го направил? Проверете, баш кажете ми. Тоа навистина не е во ред, ако го направил“.

Кога потоа ја прашаа дали може со сигурност да каже дека нивната љубовна приказна засекогаш е завршена, таа кусо одговори:

„Сега, по ова прво прашање, да… Гледаш, таман ќе биде сè супер и…“

Слични објави

(Фото) Медениот месец не ѝ започна според планот – Аница Лазиќ ја опиша драмата на патот кон Италија

Еспресо

Катарина Живковиќ откри дека посакува уште едно дете: „Подготвена сум за второ“

apostolova

Каролина Гочева го донесе холивудскиот гламур во Скопје: Блесна во бела креација покрај Хосе Карерас

Еспресо

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

Новинарот Сунаи Сабриоски: Прилеп нема центар, туку срце што отчукува

Еспресо

Јована Јеремиќ се огласи откако сопственик на дуќан ѝ „подари половина продавница“

E.A.
Се вчитува....