18:06 - 7 ноември, 2026

(Видео) Интернетот „падна“: Еве што озборуваа Селена Гомез и Тејлор Свифт на „Златен глобус“

Церемонијата на доделувањето на наградите Златен глобус веќе заврши, но социјалните мрежи се разгореа зборувајќи за најсветлите моменти од настанот. Еден од нив е краткиот разговор кој се водел помеѓу Селена Гомез, Тејлор Свифт и сопругата на актерот Мајлс Телер, Кели Спери.

На интернет стана вирално видео во кое можете да се види Селена Гомез како се приближува до масата каде што седат Тејлор и Кели и почнува со ентузијазам да им кажува нешто. Тејлор е очигледно шокирана од нејзините зборови: таа дури и ја отвора устата од изненадување, а Кели појаснува: „Со Шаламе?“. Само овој дел од разговорот може да се слушне сосема јасно, но меѓу корисниците на Интернет, секако, имаше и такви кои беа вешти во читањето на усните.

Според најпопуларната теорија на обожаватели, Тимоти одбил да се фотографира со Селена поради неговата девојка Кајли Џенер со која се бакнувал на доделувањето пред сите.

Според друга верзија, тој не се ни поздравил со Гомез. Важно е да се разбере контекстот овде: Тимоти и Селена претходно глумеа заедно во „Дождлив ден“ на Вуди Ален во кој имаше сцена со бакнување меѓу нивните ликови. А Кајли неодамна беше обвинета дека на социјалните мрежи ја исмева пејачката заедно со нејзината пријателка Хејли Бибер. Се разбира, девојките подоцна тоа го демантираа, но гласините никогаш не исчезнаа. Сега фановите на Гомез се сомневаат дека повторно се подготвуваат интриги против нивната миленичка. Дали е ова точно или не, не може со сигурност да се каже, но речиси никој не се сомнева дека Тимоти Шаламе е вмешан во случајот.

На еден или друг начин, Селена веќе им стави до знаење на фановите не се „замара“ ни со Тимоти а уште помалку со Џенер, бидејќи таа си има свој личен живот – пејачката на Инстаграм објави фотографија од жежок бакнеж со нејзиниот нов партнер Бени Бланко, придружена со значаен натпис: „Победив!“.

Бени Бланко и Селена Гомез, Инстаграм

 

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....