17.8 C
Скопје
19:01 - 18 октомври, 2026

„Ги пушти моите разголени фотографии во утринска програма, а нашите деца си играа зaедно“! Како „пукна“ помеѓу Северина и Јована Јоксимовиќ

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ во една прилика учествуваше во емисија во живо и изнесе тврдења кои тогаш ги изненади сите.

Северина се најде во центарот на вниманието на јавноста во 2014 година, кога „протече“ нејзината експлицитна снимка, а потоа и во 2018 година, кога во јавноста се појавија фотографии на кои е целосно гола и стигнаа до медиумите кога ѝ беше хакиран телефонот на пејачката. Српската водителка Јована Јоксимовиќ, сопруга на Жељко Јоксимовиќ, потоа, во утринската програма што ја водеше, со своите гости ја коментираше актуелната тема за која јавноста наголемо зборуваше.

Северина дури подоцна се вклучи на емисијата „150 минути“, каде истакна дека Јована ја разочарала и изнела тврдења кои изненадиле многумина.

„Имав непријатности со вашата телевизија. Водителката во Утринската програма ги пушти моите разголени фотографии, кои ми беа хакирани од телефонот. Нашите деца играа заедно, го познавам и нејзиниот сопруг, кој пее. Во една прилика дури му го напишав и репертоарот за концерт. Значи нивното дете и моето дете си играа заедно, се дружевме, како пријатели, но неврзано со тоа, такви работи едноставно не се прават. Таа ги пушти тие фотографии во 10 часот наутро на телевизија.Тоа беше страшно“, истакнала своевремено Северина.

Јована тогаш накратко ги прокоментирала овие гласини: „Навистина не би се занимавала со тие глупости, ниту, пак, ќе ги коментирам, разберете ме“, рекла Јована.

 

Слични објави

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.
Се вчитува....