12.8 C
Скопје
09:14 - 28 септември, 2026

Хари Мата Хари почнал да настапува и на свадби: Имал само едно барање до организаторите

Хари Варешановиќ, попознат како Хари Мата Хари, со години настапуваше во концертни сали, арени и на градски плоштади, додека приватните веселби речиси никогаш не беа дел од неговата кариера. Сепак, се чини дека легендарниот пејач ја променил долгогодишната практика.

Според српските медиуми, во последниот период почнал да прифаќа настапи и на свадбени прослави.

Еден од тие настапи неодамна привлече големо внимание во јавноста, бидејќи токму на истата свадба се случи необичниот инцидент со Радиша Трајковиќ Ѓани, кого еден гостин го гризнал за стомакот, по што пејачот морал да побара лекарска помош.

На истата свадба настапил и Хари Мата Хари, кој бил специјално изненадување за младенците. Според наводите, неговото присуство било голема желба на невестата, која сакала токму неговите хитови да бидат дел од еден од најважните денови во нејзиниот живот.

„Невестата уште од почетокот сакаше Хари да пее на свадбата. Неговите песни имаат посебно место во нејзиниот живот и не сакаше да прави компромис. Организаторите успеаја да ги усогласат сите детали и Хари прифати да настапи. Гостите беа воодушевени, ги испеа своите најголеми хитови, атмосферата беше фантастична и речиси сите пееја заедно со него“, изјавил извор запознаен со организацијата на свадбата.

За разлика од многу свои колеги кои редовно споделуваат снимки од приватни прослави, Хари наводно имал само едно барање до организаторите.

Тој побарал за време на неговиот настап да не се снима и да не се објавуваат видеа на социјалните мрежи. Организаторите ја испочитувале неговата желба, па на интернет речиси и да нема снимки од настапот.

Слични објави

Јелена Спенџарска доживеа необична средба во такси во Скопје: „Возачот ми покажа наша фотографија стара повеќе од една деценија“

Еспресо

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ секојдневно се слушаат — нивната ќерка наскоро се сели во Милано

Еспресо

(Фото) Медениот месец не ѝ започна според планот – Аница Лазиќ ја опиша драмата на патот кон Италија

Еспресо

Катарина Живковиќ откри дека посакува уште едно дете: „Подготвена сум за второ“

apostolova

Каролина Гочева го донесе холивудскиот гламур во Скопје: Блесна во бела креација покрај Хосе Карерас

Еспресо

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....