13:50 - 7 ноември, 2026

Моќен бизнисмен го освои срцето на Бресквица – новиот партнер е најпосакуваниот ерген во Белград!

Српската пејачка Анѓела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, не ја крие среќата поради новата љубов, но и понатаму одлучно го чува приватниот живот далеку од очите на јавноста.

Пејачката вели дека е емотивно исполнета како никогаш досега и дека нејзиниот партнер е заслужен за позитивните промени што ги чувствува.

„Знам само дека сум многу среќна, никогаш не сум била посреќна и никогаш не сум изгледала поубаво. Тој е заслужен за тоа“, изјави Бресквица.

Таа додава дека љубовта се одразува и на нејзиното расположение.

„Дури сега сфатив како љубовта се одразува на човекот. Никогаш не сум била порасположена и посреќна“, рече пејачката.

Бресквица неодамна откри дека нејзиниот избраник е навикнат на динамиката што ја носи нејзината професија, но не сака да биде дел од јавниот живот, а таа целосно ја почитува неговата желба.

„Партнерот е со мене, заедно со музичарите сме како семејство. Тој од самиот почеток знаеше со кого започнува врска. Не сака да се експонира во јавност и јас тоа го почитувам. Најважно ни е што не мораме да се криеме“, изјави таа.

Пејачката додаде дека верува оти најубавите работи треба да останат далеку од јавноста.

„Мислам дека најубаво е сè што не се знае. Зафатена сум и среќна“, порача Бресквица.

Српските медиуми неодамна објавија дека нејзиниот нов партнер е успешен бизнисмен од Белград, кој важи за еден од најпосакуваните ергени во српската престолнина. Според нивните информации, тој има околу 30 години, живее во елитна белградска населба и е добро познат во тамошниот ноќен живот, но засега не сака јавно да се појавува со пејачката.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....