14:02 - 7 ноември, 2026

(Фото) Ана Николиќ објави фотографии од свадбата со Раста: „Помина сè и што остана?“

Српската пејачка Ана Николиќ ја изненади јавноста кога на својот Инстаграм сподели низа спомени со поранешниот сопруг, Стефан Ѓуриќ Раста. Таа објави низа фотографии од нивната венчавка, како едно од нејзините најважни спомени.

Ана ги објавила свадбените фотографии на 10-годишнината од бракот, кој таа и Раста го склучија на 28 јули 2016 година.

Заедно со објавата со фотографијата, пејачката ја поставила песната „Сито“ од Дино Мерлин со стиховите кои имаат посебно значење за неа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)


Стихот што го истакна во видеото „И сè помина и што остана?“ има посебно значење за неа.

Да потсетиме, Ана и Раста се венчаа тајно во општина Вождовац, а кума на пејачката беше Тијана Тодоровиќ.

На овој ден, таа блескала во тесен долг бел фустан со изрези на половината. Косата ѝ била украсена со бисери и изгледала прекрасно. Раста носел црн смокинг и дредовите врзани во пунџа.

Само една година и шест дена подоцна, двајцата станаа родители на ќеркатаТара, поради која и денес одржуваат коректен однос.

Распадот на бракот се случи на крајот на 2018 година, само една година откако станаа родители. И покрај многуте турбуленции што следеа по нивниот развод, денес тие се трудат да бидат најдобри родители на својата ќерка.

Дека се во добри односи сведочат јавните честитки за роденден што Ана му ги упати на Раста пред неколку месеци: „Тато, среќен роденден“, напиша таа тогаш.

 

 

 

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....