17.8 C
Скопје
14:50 - 18 октомври, 2026

„Се смеевме, а потоа настана молк“ — Емина Јаховиќ за периодот кој за малку целосно ќе ја скршеше

Познатата пејачка Емина Јаховиќ во своето најново искрено интервју откри како се чувствувала за време на разводот од турската музичка ѕвезда Мустафа Сандал. Емина и Мустафа се разделуваа пред неколку години, а по нивното разделување следуваше и судски процес за алиментацијата.

Денес сите односи се регулирани и Мустафа ги исполнува своите обврски, а Емина сега ја отвори душата и раскажа како изгледал денот кога двајцата решиле да ги потпишат документите за развод.

Смеа како бегство од стресот

Јаховиќ откри дека таа и нејзиниот поранешен сопруг биле под толку голем стрес што цело време се смееле додека оделе кон судот.

„Мојот поранешен маж и јас се разведовме на чуден начин. Бракот ни беше во криза цели три години. Беше некој датум во мај. Ме праша што да облече, како да спрема настап за сцена. Јас исто така бев убаво облечена поради медиумите и целото внимание, но цело време се смеевме. Имаше премногу тензија и стрес, па веројатно преку смеата ги исфрлавме емоциите. Заедно заминавме на тој официјален развод, а кога се вратив дома, настакна молк“, раскажа пејачката.

Празнина по враќањето дома

Сепак, кога се вратила во својот дом, почувствувала огромна празнина и болка.

„Домот беше целосно празен, децата во тој момент беа кај него. Куќата која порано беше исполнета со топлина, одеднаш доби сива боја. Набрзо се преселив во нов дом бидејќи повеќе не можев да останам таму. Во новиот простор започнав сè од почеток, со нови бои и нови планови. Тогаш сфатив дека сè што градев се сруши и исчезна. Беше тешко, не затоа што сè уште имаше љубов, туку затоа што разводот сам по себе е огромна траума која ве погодува кога сè ќе заврши. Најмногу ми беше жал за децата“, додаде таа.

За потсетување, Мустафа денес е во брак со Мелис Сутшуруп, додека Емина по разводот имаше врска со милијардерот Садетин Саран, која заврши. Емина и Мустафа од нивниот брак ги имаат синовите Јаман и Јавуз.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....