14:45 - 7 ноември, 2026

(ФОТО) Ни венчаница ни костум, КОРТНИ КАРДАШИЈАН И ТРЕВИС БАРКЕР се венчаа облечени во – КОЖА!

Кортни Кардашијан објави фотографии од тајната венчавка: „По епска ноќ и малку текила…“

Први фотографии пристигнаа од свадбата на „реалити“ ѕвездата Кортни Кардашијан, која на 4 април, сосема изненадувачки по доделувањето на Греми наградите, со својот партнер – музичарот Тревис Баркер се венчаше во градот на гревот – Лас Вегас.

Можете да замислите кој ги венчаше? „Лажниот“ Елвис.

Модните комбинации кои ги одбрале за судбоносното „да“ се необични, секако без грам елеганција, бидејќи ни тој не носел костум ниту таа венчаница.

Тапанарот е облечен во свој „фазон“ – кожена јакна и впечатливо ланче, а и Кортни му парира во изгледот, одбирајќи кожена јакна и жолта маичка со предимензионирана апликација – крст.

И двајцата носат црни очила за сонце.

Судејќи според фотографиите – пресреќни се.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kourtney ❤️ (@kourtneykardash)

– Ги најдов овие фотографии во телефонот. Некогаш одамна, во една далечна земја (Лас Вегас), во два наутро, после луда ноќ и малку текила, кралицата и нејзиниот крал отидоа во единствената отворена капела со Елвис и се венчаа (без потребните документи). Со вежба до совршенство – напиша Кортни. 

Според очевидците на настанот, парот ангажирал личен фотограф и обезбедување.   

Не само Кортни Кардашијан и Тревис Баркер: ОВА СЕ ЅВЕЗДИТЕ кои се венчаа во градот на гревот

 

 

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....