7.8 C
Скопје
00:38 - 30 март, 2026

Дрвена, пластична или од бамбус: Која кујнска даска е најдобра?

Пластична, дрвена или од бамбус – секој има омилена, но најважно е да користиме различни даски за свежо месо, за зеленчук и за овошје, бидејќи кујнските даски се плодна почва за многу бактерии, особено за салмонела и за ешерихија коли.

Истражувањата покажале дека кујнската даска може да содржи и до 50 пати повеќе бактерии отколку шолјата во бањата.

Дрвената даска е мека и на нејзе лесно се работи. Студиите покажале дека салмонелата на нив помалку се шири отколку на пластичните даски. На дрвените даски бактериите потонуваат далеку под површината каде што не се размножуваат и на крај умираат. Ако правилно ја одржувате, може да трае со години. Никако не ја ставајте во машина за миење садови.

Пластична – Полесно се одржува бидејќи може да се мие и во машина за задови, но во неа се прават подлабоки засеци во кои се собираат бактерии. Пластичните даски според истражувањата имаат повеќе бактерии од дрвените. Затоа е многу важно по користењето да ја измиете даската и да ја оставете целосно да се исуши.

Бамбусова – Бидејќи впива помалку вода од дрвените даски, многумина веруваат дека од хигиенски причини бамбусот е вистински избор. Проблемот е што бамбусот е потврд од дрвото, што значи дека може да ги оштети ножевите. Експертите ја препорачуваат даската од бамбус за поситно сецкање, но треба да внимавате да биде без формалдехи.

Слични објави

(Видео) Едноставна техника за фарбање јајца која дава волшебен резултат

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) „Љубов моја, воину на светлината“: Јована Јеремиќ јавно му се обрати на Тигар, сè „пука“ од емоции

Еспресо

Хороскоп за 20 март: Девици, изнанедете ја саканата личност со романтична вечера

Еспресо

(Фото+видео) Како во Холивуд: Маја Шупут приреди спектакл за петтиот роденден на својот син

Еспресо

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova
Се вчитува....