18:22 - 11 ноември, 2026

Фановите едногласни: Џогани е во одлична форма дури и во шестата деценија, но и Весна изгледа феноменално (ФОТО)

Познатиот пејач повеќепати е прогласен за еден од најзгодните мажи во Србија, но овојпат и покрај тоа што позираше без маица, вниманието го украде неговата згодна сопруга.

Џоле Џогани и неговата сопруга Весна, не кријат дека се уште се заљубени како првиот ден, а судејќи според фотографијата која пејачката ја сподели на својот инстаграм-профил, страста помеѓу нив е еднакво толку жива.

Весна со фотографијата откри како изгледа нејзиниот сопруг без маица, а веќе на прв поглед било јасно дека многу негови помлади колеги не можат да му парираат, велат обожавателите.

„Во комбинација со годините е топ! Можат многу мажи да се угледаат на него и да научат како треба да се грижат за себе“, прокоментирала една обожавателка.

Сепак, вистинско „уживање“ за машкиот дел од публиката се крие во позадината на фотографијата, нејзиниот „автор“ Весна, која со рацети ги има сокриено своите гради и носи само пешкир. Како што истакнала една обожавателка „Џоле е отров за жени, но и Весна изгледа еднакво феноменално“.

„Створени сте еден за друг“, бил еден од коментарите.

Сепак, останува тајна дали парот намерно се фотографирал вака или како што се гледа по изразот на Весна, било само случајност.

Слични објави

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

(Фото) Ќеркичката на Филип Талески наполни четири години — роденденска прослава со „Мечињата со добро срце“

К.С.

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

(Фото) Цеце Николова вљубена и среќна на Кипар — ужива со саканиот Јане во Аја Напа

apostolova
Се вчитува....