Џенифер Лопез е инспирација на многумина ширум светот, а актерката и пејачката истакнува дека една личност и е голем пример. Станува збор за нејзината мајка Гвадалупе, која наполни 74 години. Џеј Ло на својата мајка и посака се најдобро и и посвети емотивен статус и видео…
– Луѓето ме прашуваат од каде ја црпам енергијата, мојата сила, моите танцувачки движења… па, сега знаете… Гвадалупе… мојата мајка… колку што се сеќавам, можам да ја видам како танцува, како се смее и како ја осветлува секоја просторија во која се наоѓа. Таа е дефиниција за младоликост и безвременост во секој период… ја сакаше музиката и филмовите, историјата и мјузиклите и веруваше во вистинска љубов… и сето тоа го стави во мене… а јас сум се подобра поради тоа. Ме направи тоа што сум денес… ти полниш 74 години. Мама, убава како и секогаш, жива како секогаш, жена која танцува како тинејџер…. ти благодарам што ме сакаш на свој начин, поради се, поради тоа што си ти, немам доволно зборови, те сакам засекогаш. Среќен роденден, ти си сила на природата, напиша Џеј Ло.
Погледнете го видеото…