10.8 C
Скопје
04:34 - 8 мај, 2024

Осаменоста убива: Не само психички, страда и вашето физичко здравје!

Unsplash

Американски научници тврдат дека страда целиот организам. Најновата студија открива дека осаменоста може да го доведе нашето тело во смртна опасност.

Истражувачи од Универзитетот во Чикаго откриле дека осаменоста може да предизвика имунолошки дефицит, како и голем број сериозни нарушувања. За да ги разберат ефектите на изолацијата врз човечкото тело, научниците направиле истражување на група мажи и жени постари од 50 години на низа тестови.

Меѓу учесниците во експериментот биле и оние кои се чувствуваа многу осамено и друга група во која лицата се чувствуваат исполнето, опкружени со семејството и пријателите.

Мистеријата е решена во областа на генетиката – истражувачите забележале дека одредени гени (поврзани со имунолошкиот систем) се многу поактивни кај луѓето кои страдаат од изолација.

Оваа прекумерна активност негативно влијае на функционирањето на имунолошкиот систем, што ги забрзува воспалителните процеси кои можат да предизвикаат разни, и пред сè, кардиоваскуларни патологии – со други зборови, го прават лицето значително поподложно на сериозни имунолошки и кардиоваскуларни состојби, кои може да бидат опасни по животот.

Експертите заклучија дека лошото функционирање на имунолошкиот систем може да доведе до повлекување. Така што, може да се заклучи дека процесот оди во двете насоки – осаменоста доведува до соматска болест, но исто така лошиот имунолошки систем „влече“ кон самотија.

Слични објави

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....