Што е јапонски маникир и зошто морате да го пробате?

Убавите нокти и даваат посебен сјај на секоја жена, поради што маникирот (без разлика дали домашен или професионален) е задолжителна пракса за сите жени.

Што е јапонски маникир?

Првата разлика помеѓу класичниот и јапонскиот маникир е тоа што професионалецот кој го изведува не се вика техничар за нокти, туку мастер. Тој ќе ги процени вашите раци и нокти, пред да започне со самиот третман.

Она што јапонскиот маникир го прави посебен е тоа што сите материјали кои се користат за него се природни. Тоа важи и за алатките: Се користат керамички турпии, полир турпии од јагнешка кожа, како и стапчиња од различни дрвја.

Средствата за дезинфекција, маслата и кремите исто така се добиени од природни состојки.

Најчести состојки кои се наоѓаат во производите за јапонскиот маникир се:

  • Природен бисер во прав
  • Женшен
  • Ориз
  • Млеко
  • Восок од пчели
  • Масло
  • Екстракт од ванила, бамбус, лотос и морска трева.

Основната идеја која стои зад јапонскиот маникир е тоа ослабените и оштетените нокти да се вратат во полн сјај. Иако резултатите се видливи уште по првиот јапонски маникир, потребни се повеќе третмани за вашите нокти да станат цврсти, глатки и еластични, со здрава розова боја и природен сјај.

Поради специфичната јапонска култура, ниту акри гел ниту гел-лак не се прифатливи. Поради тоа јапонскиот маникир не користи  лак за нокти, ниту каква било боја. Друго име по кое е познат јапонскиот маникир е детокс маникир.

Како изгледа постапката на јапонскиот маникир?

По отстранувањето на стариот лак за нокти, мастерот ќе ви ги погледне вашите раце и нокти, а потоа ќе нанесе течност за дезинфекција, која е топла и содржи восок од пчела. Потоа, со помош на керамички турпии, тој ќе ви ги обликува ноктите во посакуваната форма.

Паста за зацврстување на ноктите

Пастата која се користи содржи различни минерали кои го забрзуваат растот на ноктите и ги зацврстуваат. Оваа паста во себе содржи морска трева, восок од пчела и повеќе различни масла. Пастата се нанесува на ноктите и се внесува длабоко во ноктната плоча.

Прав за заштита на ноктите

На самиот крај од маникирот, мастерот нанесува прав, во вид на полирачки фил. Тој се внесува во ноктната плоча и им дава сјај на ноктите, а воедно и ги штити од оштетување. Овој прав содржи женшен и прав од бисери. Во зависност од салонот кој го посетувате, овој процес се повторува од два до три пати.

Масажа на рацете

За целиот процес да ве релаксира, на крај, мастерот ќе ви понуди масажа на рацете, со помош на етерични масла кои ја забрзуваат циркулацијата и ви ги опуштаат рацете.

Каков е резултатот?

Овој третман ќе ги направи вашите нокти прекрасни и здрави, а некои од бенифитите од јапонскиот маникир се:

  • Природно подобрување на изгледот на ноктите
  • Заштита од пукање на ноктите
  • Стимулација при растењето на ноктот
  • Еластични нокти
  • Исхрана на слабите нокти
  • Свилен сјај на ноктот со природната розова боја
  • Масажа на рацете која ја поттикнува циркулацијата и ги релаксира рацете.

Колку време трае ефектот на јапонскиот маникир? 

Можете да очекувате трајност од околу две недели, па дури и подолго, доколку не миете садови или облека рачно.

Слични објави

Поранешната сопруга на Џони Деп ужива со новата девојка, додека актерот се соочува со вистински пекол поради неа (ФОТО)

Еспресо

Ева Лонгорија во МОДЕЛ НА ПАНТОЛОНИ кои ќе ја одбележат есенската и зимската сезона (ФОТО)

Igor

Бритни Спирс призна дека си ја запалила салата за вежбање

Еспресо

Секоја жена од стил треба да знае: Вака се носат белите пантолони! (ФОТО)

Igor

Гитарата на Курт Кобејн продадена за рекордни 6 милиони долари

Еспресо

Тропски мафини

Еспресо

Остави Коментар

4 + пет =

Слични објави

Бабичка насмеа милиони луѓе во светот (ВИДЕО)

Еспресо

Една од најзгодните жени во светот сподели фотки од трудничкото стомаче (ФОТО)

Еспресо

Хороскоп за 15 јануари 2020: Вагите имаат прилика за незаборавен флерт

Теодора Циклевска

ГИ ИСТАКНА ГРАДИТЕ ВО ПРЕДЕН ПЛАН: Сања Кужет во ова издание се уште НЕ СТЕ ЈА ВИДЕЛЕ! Водителката НИКОГАШ ПОУБАВА! (ФОТО)

Еспресо

Ти веќе не си мое дете: Анабела јавно се откажа од ќерката Луна! (ФОТО)

Еспресо

Почина легендарниот Макс фон Сидов: Глумеше во „Игра на тронови“ и фамозно играше шах со смртта (ФОТО+ВИДЕО)

Еспресо