20.8 C
Скопје
14:30 - 26 април, 2024

Бугарска политичарка тврди: Ја држат Македонија надвор од ЕУ за да можат да продаваат пасоши

Политиката на Бугарија кон Северна Македонија нема никаков успех, а преименувањето на 24 мај е катастрофална постапка, изјави Пламена Зајачка, член на раководството на бугарската партија АБВ на поранешниот претседател Георги Прванов.

Таа дополни дека од регионален лидер, Бугарија станала изолирана земја, истакнувајќи дека со стопирање на пристапните преговори на Македонија во ЕУ, се кочи и Албанија. „Ние ги уништуваме односите со две соседни земји на Балканот – ако ова не е неуспех, како поинаку може да се квалификува“, вели Зајачка.

– Ги нарушивме односите со Северна Македонија, а го осудивме на неуспех и приоритетот од претседателството на Бугарија со Советот на ЕУ. Приоритет беше интеграцијата на Западен Балкан. Две години подоцна, никаде не се споменува оваа интеграција. Неуспешна политика, изјави Зајачка.

Според неа одлуката на парламентот за преименување на 24 мај е трагична и е неприфатливо што „институцијата со најмала доверба во јавноста“ ја преименува историјата, посочувајќи дека со преименувањето на 24-ти мај, се дава директна основа во Северна Македонија празникот да се одбележува како Ден на македонската писменост.

– Ова е политичка одлука, која од една страна покажува дека Патриотите (н.з. коалиција предводена од ВМРО-БНД) сакаат Македонија да не влезе во ЕУ за да можат да продолжат да ги продаваат пасошите за европско државјанство преку Бугарија, а од друга страна со ова цврсто тропање на масата се цели да го зацврстат нивниот електорат, заклучува Зајачка.

Слични објави

Хана Хуљиќ проговори за љубовта со Петар Грашо и нивната ќерка Алба: Уживам во секој момент

Еспресо

Не е добра ситуацијата: Плановите за погреб на кралот Чарлс Трети постојано се ажурираат

еспресо

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо
Се вчитува....