15:35 - 10 ноември, 2026

Ѝ ПОСВЕТИЛ ПЕСНА НА ДЕВОЈКАТА КОЈА СЕ САМОУБИЛА БЕГАЈЌИ ОД СИЛУВАЧИТЕ: Зад оваа песна на Чолиќ се крие голема трагедија

Во далечната 1974 година низ Југославија одекна страшна вест: 18-годишна девојка од Крушевац се самоубила додека се обидувала да им побегне на силувачите. Сепак, малкумина знаат дека токму на оваа девојка, Здравко Чолиќ ѝ го посветил еден од своите најголеми хитови.

Милица Костиќ била ученичка во Средното медицинско училиште. На тој кобен 2 септември, еден млад човек ја однел во стан и ѝ наредил да се соблече, а таа одбила. Плачела и го молела да ја пушти.

милица костиќ
Милица Костиќ / Фото: milicakostic.rs

Меѓутоа, набрзо му се придружиле уште четири други момци, кои исто така сакале да ја силуваат. За да ја зачува својата чест, таа скокнала од 11-ти кат на облакодер. Костиќ била тешко повредена и починала набргу откако била пренесена во болница.

Во тоа време жителите организираа протести и побараа властите што поскоро да ги најдат злосторниците. Властите тоа и го направија. На неколкугодишна затворска казна беа осудени Мирослав Маѓарац, Томислав Николиќ, Звонко Ивановиќ, Славољуб Трифуновиќ и тогашниот малолетник С.В.

Случајот на Милица Костиќ беше причина повеќе да почне да се зборува за правата на жените.

Велизар Шофранц го напиша текстот на песната „Она спава“. Музиката ја компонираше легендарната Корнелија Бата Ковач. Здравко Чолиќ решил споменатиот сингл да го посвети на оваа прекрасна девојка која била жртва на најгрозоморното злосторство. За првпат ја изведе во ноември 1974 година на Хит парада и победи.

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....