15.8 C
Скопје
13:00 - 4 мај, 2024

Зошто Ерол Маск е толку омразена личност, дотолку за Илон да рече „татко ми е страшно човечко суштество“

Ерол Маск постојано е во центарот на вниманието но по лошите постапки. Неодамна беше цел на новинарите поради тоа што доби ќерка од ќерката на неговата сопруга, која инаку е 40 години помала од него, а ја прифатил како черка од 4-годишна возраст кога с еомажил со нејзината мајка. 

Замислете некој близок да ве опишува како страшна личност; и уште тој опис за вас да го дава вашиот син. Разочарувањето би било, во најмала рака, прва реакција. А, таква е ситуацијата во која се наоѓа Ерол Маск. Ерол во основа е познат по тоа што е татко на Илон Маск, но тој е попопуларен и поради неговите непристојни дела.

Настрана од целиот негативен имиџ, Ерол е одличен инженер. Тој е специјализиран за електромеханика, а исто така е и морнар и пилот. Заработил многу пари како инженерски консултант кој денес може да се пофали со неколку луксузни имоти, вклучително и луксузна јахта.

Кој е точно Ерол Маск – таткото на Илон Маск?

Ерол Маск е роден во Преторија, Јужна Африка, во 1946 година; неговото родено име е Ерол Греам Маск и тој е син на Волтер Хенри Џејмс и Кора Амелија Робинсон. Има јужноафриканско и британско потекло, а има и брат, Мајкл Џејмс.

Учел во средното училиште Клапам каде ја запознал својата прва сопруга Маје Халдеман, а подоцна отишол на Универзитетот во Витватерсранд во Јоханесбург и на Универзитетот во Преторија. Маск студирал електромашинско инженерство и станал многу успешен инженер. Инаку, неговите родители биле првите кои полетале од Јужна Африка во Австрија со приватен моторен авион.

На 30-годишна возраст, претприемачот веќе беше милионер и беше во брак со преубавата Маје Халдеман. Како што течеа парите, Ерол купи многу имоти, но и јахта, приватен авион, елегантни пентхауси и слично. Беше објавено дека тој се пензионирал предвреме и поголемиот дел од своето време го поминувал на патување и лускузирање.

Ерол Маск беше неприфатен и игнориран од своите деца поради неговите бескрупулозни постапки низ годините. Иако не е познато што се случило помеѓу Ерол и неговиот прв син, Илон, според Илон неговиот татко е „ужасно човечко суштество“. Непријателството меѓу двајцата трае до денес.

Последниот скандал на Ерол беше отвореното признание за медиумите дека спиел со поќерката Јана и дека е татко на нејзиниот син Елиот Раш. По ова признание, направен е ДНК тест за да се утврди дали неговите тврдења се вистинити и на чудење на сите засегнати, тоа е вистина така. Пред откривањето, се веруваше дека бебето е на поранешното момче на Јана.

18-годишната брачна заедница меѓу Ерол и мајката на Џанала, Хајде-Мари Безуиденхаут, повеќе не можеше да издржи по објавувањето на веста. Неговото објаснување пак, за неговите постапки било дека Јана никогаш не ја сметал за ќерка. Фактите од оваа приказна откриваат дека Јана имала само 4 години кога Ерол се оженил со нејзината мајка и дека Ерол бил околу 40 години постар од неа. Одвратно, нели!?

Се вели дека врската на Ерол и неговата поќерка започнала кога Јана раскинала со своето момче.

Неговата сопруга и децата

Ерол Маск беше женет двапати во животот. Инженерот се ожени прв пат во 1970 година со супермоделот и нутриционистка, Маје Халдеман и заедно имаат три деца. Денес, сите деца се многу успешни во својата област. Нивниот прв син, Илон Маск, е мултимилијардер и добро познат технолошки претприемач, додека нивниот втор, Кимбал Маск е милионер благодарение на  ресторанот на кој е сопственик, „The Kitchen Community“. Неговата единствена ќерка Тоска Маск е исто така успешна медиумска личност и филмски продуцент.

Од успешната приказна не е изоставена и неговата сопруга Маје Халдеман. Таа е реномирана манекенка која се појавила на насловната страница на многу познати списанија во светот. Таа е и експерт за храна која патува низ светот за да зборува за здравствени прашања поврзани со храната.

Ерол се разведе од Меје 9 години по нивната свадба и веднаш се прежени со Хајде-Мари Безуиденхаут, вдовица која веќе имаше три деца – Јана, Џок Џуниор и Хари – од првиот брак. Хајде роди уште две деца по име Александра и Аша Маск за време на нејзиниот брак со Ерол.

Нето вредност на Ерол Маск

Ерол Маск е многу успешен бизнисмен, а се занимава активно и со професиите пилот, инженер и трговец со деловен имот. Се знае дека има големо богатство, но не се знае со сигурност колкава е вистинската нето вредност на инженерот. Она што се знае е дека дефинитивно „тежи“ повеќе милиони долари.

 

Слични објави

(Фото) Во домот на Лепа Брена сѐ е подготвено за Велигден! Синот на пејачката се пофали со празничната атмосфера

Еспресо

(Видео) „Четири километри во кал…“: Никола Роквиќ пешачи 13 дена, се огласи колку пари собрал

Еспресо

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо
Се вчитува....