20.8 C
Скопје
12:08 - 11 мај, 2024

Заработувала 500 евра, а сега ги надмина и Карлеуша и Цеца! Овие пејачи за една вечер земаат нечија двегодишна плата

Во Србија владее вистинска експанзија на млади изведувачи, чија популарност, но и заработувачка достигнуваат вртоглави суми и ова загрижува некои постари изведувачи. Некои од нив почнаа со мали суми од околу 100 евра од ноќ, а сега заработуваат нечија двегодишна плата.

Една од нив е секако – Александра Пријовиќ, која привлече големо внимание на себе уште од своето прво појавување, а со текот на времето нејзината популарност само растеше. Прија на почетокот на кариерата заработувала само 500 евра, а денес таа бројка достигна вртоглави 20.000 евра.

Александра неодамна наполни дури три Арени, а како што напиша „Информер“, таа во таа прилика заработила 946.206 евра.

Теа Таировиќ е една од најбараните млади пејачки, а она што кај неа ја воодушевува публиката, покрај гласот, е и сценскиот настап. Теа е позната по својот танц и интересните костими, а за нејзините свирки секогаш се бара карта плус. Како што открива извор близок до пејачката, цената на нејзиниот настап изнесува околу 13.000 евра.

Теодора Џехверовиќ е уште една од низаата пејачки чија цена вртоглаво порасна. Пред учеството во „Задруга“ земала од 200 до 500 евра за настап, а веднаш по излегувањето нејзината цена скокнала на 2.500 евра. Како што одминувало времето и таа стекнувала сè повеќе искуство, пејачката ја крена цената, па денес заработува од 8.000 на 10.000 евра.

Рада Манојловиќ на почетокот на годината го распушти целиот свој тим, а за менаџер ја назначи својата сестра Маја, која се потрудила и на пејачката ѝ закажала тезги сè до крајот на годината. По промената во поставката, Рада ја кренала цената, па сега пее за 8.000 евра.

Изненадување на јавноста е младиот Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж, кој доби овации од помладата популација. Како што се пишуваше во медиумите, тој во една прилика за своето појавување пред публиката околу два часа на сцената наплатил дури 11.000 евра, а причината поради која успева да заработи баснословна сума е што објавува хит по хит.

Пејачот Слобо Радановиќ за кратко време стана еден од најбараните, но и најплатените на естрадата, а како што секојдневно ги полни клубовите, неговиот хонорар достигна вртоглави 12.000 евра по настап. Пред учеството во реалното шоу, тој пеел за 200 до 300 евра по настап, додека прво „Задруга“ му ја крена цената, а потоа и песните и атмосферата што ја создава.

Јелена Карлеуша важи за личност која многу вложува во настапите, а на сцената секогаш е придружувана од нејзините танчари. Во јавноста се појавија многу шпекулации за нејзиниот хонорар, а цената наводно варира од 10.000 до 15.000 евра. Во еден момент се појави информација дека Карлеуша од една објава на својот инстаграм-профил заработила вртоглави 15.000 евра.

Она што е особено интересно е што на приватните забави, освен пеење, пејачите изведуваат и цели настапи за да го воодушеват домаќинот и присутните гости, додека парите „паѓаат како дожд“. Пејачот Дарко Лазиќ веќе извесно време е прв на листата на кралеви на бакшишот. Како што еднаш откри, за една тезга во Виена, заработил 50.000 евра за една вечер.

Слични објави

Ќе се изненадите: Колку пари добива победникот на Евровизија?

еспресо

Неделен хороскоп (од 13 до 19 мај): Одлично за Биковите, добри вести за Раковите, широка насмевка за Рибите

еспресо

(Фото) Џина Џиновиќ на инфузија: Објави фотографија од луксузниот дом каде се лекува

еспресо

Астропрогноза за сабота, 11 мај: Пари за Овните, романтика за Близнаците

еспресо

„Моето семејство е многу вознемирено“: Принцот Вилијам зборува за состојбата на Кејт Мидлтон

еспресо

„Таблетот… Ама, сè ми украдоа!“: Сандра Африка со детали по грабежот во Словенија

Еспресо
Се вчитува....