20:21 - 9 ноември, 2026

Волшебна вода за слабеење: Саси водата ќе ве „стопи“ за 28 дена, еве како да ја приготвите дома

Нутриционистката Синтија Сас, популарна по пијалокот за слабеење – водата Саси, ги здружи силите со фитнес тренерот и нутриционист Лиз Вакариело и смислија диета која брзо ги топи килограмите.

Диетата се базира на специфичната вода Саси, која се пие во комбинација со диетно мени искреирано за 28 дена. Оваа комбинација, тврдат нутриционистите, е добитна и гарантира брзо топење на салото и брзо постигнување на тенок струк.

Книгата „Исхрана за витка половина“, на која се потпишуваат Синтија Сас и нејзината пријателка Лиз Вакариело, доживеа бум, а двете дами добија голем број следбенички кои се презадоволни од Саси-диетата.

Еве како да ја подготвите чудотворната вода дома.

Потребни ви се 1,5 литри вода, 1 лажица изрендан корен од ѓумбир, 1 краставица (излупена), 1 лимон (излупен и исечкан на кришки), 6-7 ливчиња нане.

Сите продукти, кои мора да се свежи, се ставаат во водата и мора да отстојат преку ноќ, односно најмалку 7 часа.

Откако ќе ја направивте Саси-водата, а од неа треба да имате секој ден минимум по 1,5 литри (уште подобро ако од неа конзумирате и повеќе),  треба да се придржувате на следниот диетен редослед во период од 28 дена, колку што трае диетата Саси.

Појадок – чаша до две Саси-вода, малку овошје, малку житарки со немасно млеко.

Ручек – чаша до две Саси-вода, риба (на скара) и салата со зеленчук.

Вечера – чаша до две Саси-вода, риба или 300 грама пилешко, говедско, мисиркино месо  (на скара), 1 варен компир и зеленчук.

Меѓуоброк – чашка јогурт, овошје или зеленчук и Саси вода.

Авторките на книгата гарантираат дека со комбинација на Саси-водата и овој план за исхрана на кој треба да се придржувате 28 дена ќе ослабите најмалку 10 сантиметри во обемот. Веќе по четвртиот ден ќе почувствувате како килограмите се топат.

Доколку сакате да ја повторите диетата за дополнително слабеење мора да направите пауза најмалку од една недела, а доколку сте само по првиот третман задоволни од драстично променетиот изглед на телото, за одржување на тежината и понатаму се препорачува секојдневно пиење на Саси-водата, без држење на диетата.

 

Слични објави

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо
Се вчитува....