20.8 C
Скопје
11:38 - 29 март, 2024

ВИСТИНСКИ БОРЦИ: Ѕвезди кои прозбореа за деталите за нивната битка со дијабетесот

Дијабетесот е хронична болест која се карактеризира со покачено ниво на гликоза во крвта. Поголемиот дел од храната што ја јадеме се претвора во гликоза која нашето тело ја користи за енергија. Панкреасот произведува инсулин, хормон кој го регулира нивото на шеќер во крвта дозволувајќи му на шеќерот да влезе во клетките каде што се претвора во енергија потребна за телото. Покрај тоа, вишокот шеќер се складира со помоп на инсулин во мускулите и црниот дроб. Доколку нема или нема доволно инсулин, шеќерот не може да влезе во клетките, останува во крвта и доведува до покачено ниво на шеќер во крвта и развој на болести.

Точните причини не се познати, но прекумерната тежина и ниското ниво на физичка активност се многу чести фактори на ризик. Некои познати личности споделија детали за нивната борба со различни видови дијабетес, пишува „Insider“.

Селма Хајек

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

На Салми Хајек ѝ бил дијагностициран гестациски дијабетес во 2007 година додека била бремена со својата ќерка. „Добив гестациски дијабетес, што на почетокот не го сфаќав“, рече Хајек во 2008 година. „Се јавува кај жени кои имаат висок шеќер во крвта за време на бременоста. Не знаев дали се чувствувам лошо затоа што бев бремена или нешто не е во ред. Имам гадење девет месеци, што може да биде еден од симптомите“.

Том Хенкс

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Hanks Fans (@tomhanksfansite)

Том Хенкс верува дека развил дијабетес тип 2 затоа што, како што во една прилика откри, бил „тотален идиот“. Кај луѓето со дијабетес тип 2, отпорноста на инсулин се зголемува со текот на времето, а факторите на животниот стил може да играат улога. Хенкс за првпат ја откри својата дијагноза во 2013 година, за време на гостувањето во шоуто „The Tonight Show with David Letterman“.

„Отидов на лекар и тој ми рече: „Знаеш за високите нивоа на шеќер во крвта со кои се соочуваш од 36 години? Па, дипломираше! Имаш дијабетес тип 2, млад човеку“, раскажа Хенкс. „Бев дебел. Ме гледавте во филмовите, знаете како изгледав. Бев тотален идиот“, продолжи тој.

Хали Бери

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

На Хали Бери, исто така, ѝ бил дијагностициран дијабетес во нејзините 20-ти. Во 2020 година, Бери во интервју за „Variety“ прозборе за живеењето со дијабетес за време на пандемија. „Се чувствувам како да сум во опасност“, рече таа. „Многу сум строга кога станува збор за карантините“.

Џејмс Ерл Џонс

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Biz Savvy Artist (@bizsavvyartist)

На Џејмс Ерл Џонс му беше дијагностициран дијабетес тип 2 во 90-тите години, но тој не ја сподели својата дијагноза со јавноста цели две децении. „Ми беше дијагностициран дијабетес тип 2 уште во 1990-тите“, изјави актерот од „Star Wars“ за „Healthline“ во 2016 година. „Работам стабилно 60 или 70 години и немав време да зборувам повеќе за тоа во јавноста“, откри тој.

Џорџ Лукас

 

View this post on Instagram

 

A post shared by George Lucas (@georgelucasofficial)

Познатиот режизер Џорџ Лукас имал 23 години кога бил регрутиран за Виетнамската војна. За време на систематски преглед, лекарот му кажал дека има дијабетес тип 2 и дека не може да се приклучи на војската.

Слични објави

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо
Се вчитува....